Во 9 во кревет! Нов тренд на припадниците на генерацијата З

Припадниците на генерацијата З рекле дека си легнуваат до 21 часот за да можат да спијат цели девет часа. Велат дека забележале јасна врска помеѓу спиењето и здравјето.

431

Волстрит журнал објавил дека анализата на корисниците на паметните кревети Sleep Number открила дека луѓето на возраст меѓу 18 и 34 години легнувале најдоцна до 22:06 часот во текот на месец декември минатата година.

За ова разговарале со припадниците на генерација З.

Ема Крафт (19) и Медлин Снаг (25) ги усвоиле раните ноќни рутини и откриле дека тоа им користи во животот. „Одеднаш стана нормално и прифатливо да се легнува рано, а сите само се прилагодија“, рекла Ема.

Дружење со пријателите во 17 часот

Крафт, студентка на Универзитетот Беркли, во Калифорнија, рекла дека дури и кога спиела во преполна сестринска куќа со 65 други жени за време на нејзината втора универзитетска година, таа се погрижила да спие доволно. Ништо добро не може да се случи после 21 часот“, тврди таа.

Бидејќи го менува распоредот за спиење и е во кревет не подоцна од 21:30 секоја вечер, Крафт вели дека се чувствува подобро. Таа ги информирала и своите пријатели за новата рутина и сега и тие сакаат да го пробаат овој тренд.
Друга девојка, 25-годишната Медлин Снаг, исто така почнала да легнува порано откако сфатила дека не мора да се забавува до утрото. Вели дека сега повеќе сака да ужива во пијачка со пријателите секој четврток околу 17 часот и да гледа претстави во 18 часот во понеделник.

Освен што се спасила од стрес, вознемиреност и замор поради недостаток на сон, Снаг открила и дека нејзината банкарска сметка има корист од промената бидејќи можела да ги избегне трошоците за полноќните закуски и пијалаци.

Припадниците на генерацијата си легнуваат до 21 часот за да можат да спијат цели девет часа. Велат дека забележале јасна врска помеѓу спиењето и здравјето.
Њујоршкиот бар Џојфејс (Joyface), се прилагодил кон овој нов ноќен тренд на припадниците на генерација З, па неодамнешното одбројување за новогодишната ноќ го направиле во 20 часот.

Генерацијата Z пие помалку од другите генерации

Една неодамнешна студија на Клиниката Кливленд покажала и дека генерацијата Z пие помалку од другите генерации и како резултат на тоа спијат повеќе. Иако е нејасно точно зошто пијат помалку, др. Ахил Ананд, психијатар за зависности, рекол дека може да има многу фактори кои се вклучени.

Прво, генерацијата Z го гледа алкохолот како депресив кој може да влијае на менталното здравје. Д-р Ананд вели дека во моментот во светот се случува голема криза со менталното здравје и наместо да се дават во алкохол за да им го подигне духот, генерацијата З тргнала во друга насока.

Тој, исто така, посочил дека генерацијата Z се свртела кон пушењето канабис како метод за намалување на стресот. Животниот стил без алкохол помага и при спиење, слабеење и зголемена енергија. Џенифер Шор, сопственичка на Џојфејс, вели дека од есента, нејзиниот бар е домаќин на забави кој почнуваат во 17 часот.

Во август, Њујорк Пост објавил дека истражувањето покажало дека спиењето е приоритет број еден за генерацијата Z и е толку важно – што тие не завршуваат некои основни задачи. Студијата заклучила дека 68 отсто од анкетираните 2.000 возрасни заспале со телефон во рака, а 53 отсто не ги измиле ниту забите.

Повеќе