Во Словенија падна првата казна за родители-инфлуенсери: 1.500 евра поради користење на децата за промоција на производи

Трудовиот инспекторат на Република Словенија за првпат казни родители – инфлуенсери поради „нелегален детски труд“ со казна од 1.500 евра.

233

Трудовиот инспекторат на Република Словенија за првпат казни со 1.500 евра родители – инфлуенсери поради „незаконит детски труд“. Казнетиот инфлуенсер вложил жалба на која треба да одговори судот.

Во Словенија работата на деца под 15 години е забранета, но има исклучоци. „Дете до 15 години може, по исклучок, со плаќање на накнада, да учествува во снимање, подготовка и изведба на уметнички, сценски и други дела од областа на културната, уметничката, спортската и рекламната дејност“, стои во Законот за работни односи.

Овој член од Законот за работни односи не е ништо ново, но ова е прв случај кога инфлуенсер е казнет затоа што не набавил дозвола.

„Во тие случаи родителите секогаш треба да поднесат барање за дозвола издадена од инспекцијата, бидејќи тоа е пропишано со закон. Најмногу нè контактираат рекламни агенции, главно заради снимање реклами во кои се појавуваат деца“, објаснуваат оттаму.

Работното време на децата е особено ограничено

Како што пишува порталот 24ur, во Словенија особено е ограничено работното време на децата до 15 години. Работното време на децата кои вршат лесна работа за време на училишниот распуст не смее да трае подолго од седум часа дневно и 35 часа неделно. Работата на детето што се извршува во текот на учебната година надвор од времето определено за часови не може да трае подолго од два часа дневно и најмногу 12 часа неделно.

Во секој случај, на децата им е забрането да вршат ноќна работа од осум часот навечер до шест часот наутро, а задолжително треба да им се обезбеди дневен одмор од најмалку 14 последователни часа во секој период од 24 часа.

Повеќе