Возачка на автобус сака да го промени светот: „Ги учам децата дека љубезноста е лек за сѐ“

Според родителите, Мис Спарклс прави секое дете да се чувствува посебно. Покрај тоа што ги вози децата до и од училиште, таа за многумина е како втора мајка и советник.

49


Лори Брукс, возач на училишен автобус во Мичиген, меѓу децата е позната како Мис Спарклс. И лесно е да се види зошто го добила тој прекар. На Тик-Ток е објавено видео на кое таа срдечно го гушка секое дете кое ќе влезе во автобус на првиот училишен ден. Секој ученик го знае по име, а не ѝ се непознати ниту имињата на нивните родители.

„Здраво, Елијана! Ми недостигаше. Дали си го помина добро летото“, прашува таа едно девојче.

Според родителите, Мис Спарклс прави секое дете да се чувствува посебно. Покрај тоа што ги вози децата до и од училиште, таа за многумина е како втора мајка и советник. Многу деца ѝ се доверуваат за работи за кои им е тешко да разговараат со мајките и татковците.
„Јас сум добра во читањето изрази на лицето. Кога во очите на детето ќе видам дека му е тешко, му нудам разговор. Тие знаат дека можат да дојдат кај мене секогаш кога ќе имаат потреба”, изјавила Брукс за Today.
Кога во 2021 година ѝ починал сопругот на оваа ведра возачка на автобус, децата ја израдувале со цртежи.

„Мојата работа ми носи многу радост. Овие деца ми помагаат да заздравам. Јас им помагам да станат најдобрата верзија од себе. Ги учам дека добрината е лек за сѐ”, вели таа.

@teresa_weakley

She remembers every kid’s name, every year (and their brothers and sisters) #bestbusdriverever #backtoschool

♬ original sound – Teresa Weakley
Повеќе