Возењето велосипед е половина здравје…за оние кои ќе преживеат по скопските улици!

Наместо да ги учат децата дека возењето велосипед е најдобар избор за нивното, како и за здравјето на планетата, кај нас возачите на автомобили, да можат, ќе ги качат на хауба сите велосипедисти што ќе им се најдат на патот, а особено ако им го попречат паркирањето на велосипедска патека. Да не ги спомнуваме и огромните контејнери кои зафаќаат голем дел од патеките за пешаци и велосипедисти.
Честит ден на велосипедите!

152

Едно неодамна објавено истражување заклучува дека луѓето кои пешачат или возат велосипед до работното место, имаат помал ризик за смртност од сериозните хронични заболувања, во споредба со оние кои одат на работа со автомобил или со јавен превоз. Исто така, придонесуваат и за поодржлива иднина.

Генералното собрание на ООН во април 2018 година, го прогласи 3 јуни за Светски ден на велосипедот.

Денес, возењето велосипед стана секојдневен начин на живот за многу жители на планетата Земја,

а популарноста му се враќа и кај нас иако сѐ уште велосипедистите имаат третман на „пречки“ во

сообраќајот и далеку сме од она што можеме да го видиме во другите европски земји.

Велосипедот се вози главно за забава и за некаква рекреација, наместо како секојдневно превозно

средство. И доволни се неколку капки дожд за да се замени со автомобил.

Од друга страна и оние кои не се плашат од дождот и не го менуваат велосипедот со автомобил на

првите капки дожд, во нашите градови во кои и онака општото ниво на сообраќајна култура е на

ниско ниво, се во најголема опасност токму во таквите дождливи денови кога има толку многу

автомобили што возат дури и по тротоари. Многу често на оној простор кој е одвоен за

велосипедистите има паркирани возила, а да не зборуваме за огромните контејнери кои зафаќаат

поголем дел од мешаните патеки за пешаци и велосипедисти.

Наместо по еден велосипед за секој член од семејството, кај нас, во многу семејства, секој член си

има свој автомобил или барем, секое семејство, по два автомобили.

Сообраќајна пирамида

Во европските држави вообичаено се применува сообраќајната пирамида на која на врвот е

пешакот, на второ место велосипедот, а на последно автомобилот.

Според сообраќајните експерти, мешаните пешачко-велосипедски патеки што постојат кај нас се со

најнизок стандард на велосипедска инфраструктура.

Со поставувањето на огромните контејнери, не се овозможени ни најминималните стандарди, а тоа

добро го знаат сите оние кои секојдневно до своите работни места стасуваат со велосипеди и

за кои тоа е секојдневно еднакво на коцкање со животот.

А би можело да биде многу убаво…

Патувањето со велосипед е најбрзиот, најлесниот, најздравиот и најеколошкиот начин на движење,

па на пример, во Данска, научниците до најситни детали пресметале како и на кој начин

секојдневното возење велосипед ја подобрува нивната економија, здравје и придонесува за

почиста животна средина.

Според истражувањето спроведено од данските универзитети, жителите на Копенхаген кои возат

велосипед користат 1,1 милион помалку боледувања годишно од жителите кои не користат

велосипеди.

Понатаму, велосипедистите ги намалуваат емисиите на CO2 во просек за 20.000 тони годишно, а

секој поминат километар со велосипед наместо со автомобил значи заработка од едно евро во

однос на здравствените придобивки.

Во Данска има повеќе од 12.000 километри велосипедски патеки, додека само градот Копенхаген

има околу 400 километри велосипедски патеки, кои се јасно одвоени од сообраќајните ленти и

тротоарите.

Дури три четвртини од велосипедистите не се откажуваат од педалите дури и во текот на долгата и

темна данска зима. И повторно, причината за ова е одличната инфраструктура.

Копенхаген покажа дека едноставна, безбедна и добро поврзана мрежа на велосипедски патеки и

улици ги поттикнува луѓето да живеат поздрав, поодржлив и поодговорен живот за планетата.

И уште еднаш за придобивките

Возењето велосипед го подобрува квалитетот на воздухот, а загадувањето на воздухот е поврзано

со болести. На пример, загадениот воздух го зголемува ризикот од рак и е одговорен за еден од

шест мозочни удари.

Возењето велосипед го олеснува товарот на здравствениот систем, бидејќи истражувањата покажаа

дека физичката активност е добра за здравјето и може да спречи сериозни долгорочни

здравствени проблеми. Исто така, се покажа дека велосипедистите во просек се здрави како и

десет години помладите луѓе.

Истражувањата покажаа дека возењето велосипед го и подобрува менталното здравје.

Возењето велосипед го зајакнува срцевиот мускул, го намалува пулсот при мирување и ги намалува

маснотиите во крвта. Данска студија која траела 14 години, а за испитаници имала над 30 илјади

луѓе, на возраст од 20 до 93 години заклучила дека возењето велосипед дефинитивно заштитува од

повеќето кардиоваскуларни заболувања.

Експертите од областа на ортопедијата ја препорачуваат оваа активност за оние кои имаат некакви проблеми со зглобовите, а ги гради и затегнува и мускулите, оние на нозете, но и стомачните мускули кои се активираат за одржување на рамнотежа, како и мускулите на рацете кои се зајакнуваат при контролирање на велосипедот.

Сепак, кај нас, автомобилите се сѐ уште кралеви во сообраќајот кои шибаат по сообраќајниците на

градовите како да се на автопат, паркираат на велосипедските патеки, а секако, ниту зеленото

светло на семафорите не е гаранција дека пешаците, велосипедистите и тротинетџиите можат

безбедно да поминат.

Како и да е, чувајте глава и честит ден на велосипедите!

Повеќе