Забранета храна за трудници

Сите знаеме што е забрането во текот на бременоста, алкохол, цигари и одредени билни чаеви. Но, постојат намирници за кои можеби не сте знаеле дека не се препорачливи за бремените жени

162

Ако не сте сигурни која храна не е добро да ја јадете во текот на бременоста, прегледајте го нашиот список од забранета храна.

Сувомеснати производи, кренвишли

Знаеме дека овие намирници не се баш препорачливи ниту кога не сте бремени, но бременоста е дефинитивно период кога треба да заборавите на нив. Она што загрижува кога станува збор за индустриските преработки од месо се нитратите, конзерванс кој спречува развој на бактерии и додадените бои кои се поврзани со развој на рак на дебелото црево. Бремените жени треба уште повеќе да се плашат од бактеријата листерија што може да се најде во ваквите производи, бидејќи бремените жени се 13-15 пати поподложни на зараза со неа.

Сирови јајца, риба, месо

Во текот на девет месеци, збогувајте се со сушито и тартар бифтекот, бидејќи тие се апсолутно забранети за бремени жени, затоа што можат да содржат облици на бактеријата салмонела и токсоплазмоза. Додека сировото месо и риба е многу лесно да се избегнат, со јајцата тоа е малку потешко бидејќи генерално не знаеме каде се наоѓаат. Избегнувајте мајонез, преливи за салата и колачиња за кои не сте сигурни какви јајца содржат.

Алкохол

Главната грижа поврзана со консумирањето на алкохол за време на бременоста е неправилниот развој на фетусот. Иако неколку студии покажале дека неколку чаши во текот на неделата не можат да му наштетат на фетусот, алкохолот сепак е строго забранет за бремени жени.

Меки и мувлосани сирења, сирови млечни производи

За време на бременоста не мора целосно да се откажете од сирењето, но заборавете на бри, горгонзола и други сирења од овој тип. Исто така, избегнувајте непастеризирани млечни производи.

Причината за ова е повторно листеријата, која можеби не претставува проблем за жени кои не се бремени, но ако чекате бебе, не ризикувајте. Понекогаш инфекцијата со листерија не може да се дијагностицира сè додека не се роди бебето.

Истражувањата што го докажуваат влијанието на кофеинот врз бременоста се спроведуваат од ден на ден со цел да се докаже штетниот ефект, но сè уште нема цврсти докази за да се докаже влијанието на кофеинот врз родилната тежина на бебето.

Напитоци што содржат кофеин

Ако не можете да се откажете од кафето дури и за време на бременоста, изберете свежо мелено кафе со добар квалитет и познати производители кои користат квалитетни зрна, бидејќи содржат високо ниво на антиоксиданти. Бидете внимателни да не внесувате повеќе од 300 мг кофеин на ден преку кафе, чаеви, чоколадо.

Диетални сокови и производи што содржат аспартам

Аспартамот е засладувач кој не содржи никакви хранливи материи, а можеме да го најдеме во разни индустриски производи од јогурт до гума за џвакање. Во бременоста, аспартамот може потенцијално да му наштети на здравјето на фетусот, па затоа се препорачува да се намалат диеталните производи на минимум.

Повеќе