Заради тампон ѝ ги ампутирале двете нозе: Манекенката од Калифорнија раскажа за својата средба со смртта

На манекенката Лорен Васер ѝ биле ампутирани двете нозе откако доживеала синдром на токсичен шок предизвикан од тампон. Првите симптоми на овој опасен синдром наликуваат на грип, а потоа почнуваат да откажуваат органите

399

Лорен Васер (35) од Санта Моника, Калифорнија, ја започнала својата кариера по нагорна патека, а потоа мало невнимание за малку ќе ја чинело живот. Таа доживеала синдром на токсичен шок предизвикан од тампон. За да го привлече вниманието на луѓето, таа често зборува на оваа тема, а неодамна гостуваше во подкаст кај Стивен Бертлет.

Како што вели, на почетокот, симптомите укажувале на грип, а потоа станувало сѐ полошо и полошо. Првите симптоми кои се појавија биле слични на грип, а довеле до масивен срцев удар и била ставена на апарати за одржување, бидејќи гангрената почнала да ѝ ги „јаде“ двете нозе, па морале да ѝ ги ампутираат и двете, под колената..
Нејзиниот пат до ѕвездите се чинело дека започнува со спортската кариера, но на 24-годишна возраст Лорен ја одбила стипендијата за кошарка и решила да влезе во светот на модата. Сепак, нејзиниот пад се случил поради лошата среќа со тампон кој бил заглавен дури две години.
Таа била пронајдена во нејзиниот стан на десет минути од смрт, со лицето надолу, онесвестена на подот од спалната соба и уште покриена со измет и повраќаници, откако нејзината мајка повикала полиција за да проверат што се случувала со неа бидејќи се немала слушнато со неа.

Кога пристигнала во болница, нејзината температура достигнала 41 степен и доживеала срцев удар, а органите почнале да ѝ откажуваат пред да биде ставена во медицински индуцирана кома. Инфектологот му наредил на персоналот да провери дали има тампон и по извршениот тест ѝ бил дијагностициран синдром на токсичен шок.

„Нозете ми гореа, како некој да ми ја запалил ногата, чувството на печење беше ненормално“, вели Лорен на подкастот.
„Десната нога ми беше полоша од левата, прстите на левата беа виолетови, но десната страна, имаше многу повеќе оштетувања. Тогаш сфатија дека мора да ми ја ампутираат десната нога за да ми го спасат животот или јас ќе умрев“, продолжува таа да ја опишува агонијата низ која поминала.
Откако излегла од болница, таа поминала осум месеци во инвалидска количка, а потоа допрва започнала борбата…

„Секој ден ќе се одвозев до тушот, седев на столот и само врескав, плачев и му викав на Бога. Смислував начини како да се убијам, да ставам крај на мојот живот. Нешто во мојата душа велеше само почекај и сето тоа сега има смисла“, опишува Лорен.

Што се однесува до тампоните, таа објаснува од што се направени и како влијаат на здравјето:

Тампоните се направени од избелувачи на база на хлор, диоксини и синтетички влакна, кои создаваат совршена бура во нашите тела“, вели овој модел кој секојдневно ја подига свеста за овој проблем. И по сѐ што доживеала, Лорен продолжува да се занимава со манекенство и го доби прекарот „Фешн девојка со златни нозе“ – поради нејзините златни протези.

Повеќе