Се зголемува бројот на случаи на труење со канабис! На децата им се достапни грицки кои носат поголем ризик

Декриминализацијата на канабисот може да стои зад порастот на случаите на труење со канабис, дури и кај децата, велат австралиските истражувачи.

73

30 посебни студии за легализацијата на канабисот и неговото влијание врз акутното труење, кои беа анализирани од истражувачи од Универзитетот во Сиднеј, сугерираат дека декриминализацијата на канабисот може да стои зад порастот на случаите на труење со канабис, дури и кај децата. Нивните набљудувања беа објавени во списанието Addiction.

Наодите укажуваат на општо зголемување на стапката на труење со канабис, а евидентно е и зголемување на труењето кај децата, со оглед на тоа што правилата се ублажени, па на пазарот има сѐ повеќе грицки со канабис.

Роуз Кернс од австралискиот универзитет истакнува:

Се чини дека зголемената достапност и консумирање на намирници со канабис има значително влијание врз зголемувањето на случаите на труење, особено кај децата.
Во исто време, таа предупредува на гумените бонбони и чоколадите.

Канабисот може да се купи и во Европа за рекреативни цели
Генерално, конзумирањето канабис наместо пушење носи поголем ризик од труење бидејќи некои луѓе имаат тенденција да консумираат поголеми количини на храна со оваа супстанца. Треба да се има на ум дека кога станува збор за консумација на канабис, потребно е повеќе време за да почнат да се манифестираат неговите ефекти.

Труењето со канабис може да предизвика:

летаргија
поспаност
вртоглавица
покачен крвен притисок
палпитации
тахикардија
мачнина
повраќање
раздразливост
вознемиреност.

Тешките случаи може да резултираат и со кома.

Истражувањето и анализата го опфатија подрачјето на Северна Америка. Таму, рекреативната употреба на дрога е дозволена во 26 американски држави и административни региони. Така е и во Канада.

Канабисот за рекреативни цели може легално да се купи во други земји во светот, како што се Шпанија, Холандија и Тајланд.

Повеќе