Застрашувачко видео: Еве зошто „мускулите“ за пливање не ја гарантираат безбедноста на децата

Наместо на децата да им купуваат мускули за пливање, експертите ги советуваат родителите да ги запишат децата на часови по пливање. Имено, истражувањата покажале дека тоа ќе го намали ризикот од давење за неверојатни 88 проценти.

830

Катја Илери од Турција неодамна на потешкиот начин дозна дека„мускулите“ за пливање не секогаш гарантираат безбедност. Катја била на бродот со своето семејство. Девојчето стоело на работ од бродот со „мускули“ на рацете, чекајќи возрасен маж да ја фрли во морето. Во истата секунда кога го допрела морето, мускулите ѝ се лизнале од рацете, а девојчето исчезнало под површината.

„Мало резиме од денешниот одмор“, напишала мајката.
Видеото е прегледано дури 70 милиони пати, а во делот за коментари многумина признале дека глетката ги згрозила.

„Ова е неодговорно“, „Се надевам дека детето е добро“, „Ова е пример како квалитетот на производите секоја година се влошува“, се дел од коментарите.

Повеќе