Зборови кои никогаш не треба да им ги кажувате на децата

Кога вашето дете се однесува лошо, обидете се да го прашате дали тоа што го направило било љубезно? Дали било безбедно? Дали било пристојно? Овие три прашања можат да иницираат процес на промена и поука – без категоризирање или етикетирање.

6.727

Кога го нарекуваат своето дете со погрдни имиња, родителите може да веруваат дека тоа ќе гo мотивира да се однесува подобро, да бидe уреднo, поучтивo или повеќе да учи, но детето ги апсорбира тие зборови и врз нив ја гради сликата за себе.

„Ако се сеќавате колку лошите зборови ве повредувале кога сте биле дете, зошто кога било би им ставале етикети на вашите деца што би можеле да ги повредат? Зошто вашето дете би го нарекле неуредно, лажго, глупаво, ужасно и слично“, прашува Шерон Силвер, авторка на книгата „Stop Reacting and Start Responding“, експерт за ран развој и поборник на концептот на проактивно родителство.

Дали родителите кои го прават ова веруваат дека таквите придавки ќе променат нешто кај нивните деца или ќе им помогнат да го поправат своето однесување? Дали такво нешто може да биде делотворно?

„Лошо“ момче
Шерон Силвер ја опишува ситуацијата во самопослуга, кога слушнала како една мајка мирно и тивко го прашува нејзиниот син: „Дали си лошо момче?“ Детето се обидело да се оддалечи од мајка си, како да сака да го избегне осилото на нејзините зборови, но не можело. Тажно ја спуштило главата и рекло „Да“.

Лицето на тоа момче ја раскажа целата приказна. Очигледно беше дека ова не е првпат мајка му да му ги кажува тие зборови. Можеше да се види како момчето ја апсорбира оваа порака и како таа станува дел од начинот на кој тој ќе се перцепира себеси, сега и во иднина – јас сум лоша, ужасна личност.

Детето верува во пораките на родителите
Повеќето од нас се сеќаваат колку нè болело кога врсниците нè викале со погрдни имиња, а замислете колку е полошо кога родителите му го прават тоа на детето. Кога личноста за која детето верува дека е секогаш во право, неговата сакана мајка или татко, ќе му стават таква етикета, тоа само ја прифаќа и се дефинира според неа. Повредата е толку длабока што е потребно многу репрограмирање за да се промени нешто.

„Зошто воопшто употребуваме груби зборови? Постојат многу подобри начини да се поттикне детето навистина да се промени“, вели Шерон Силвер и предлага три прашања за подобрување на однесувањето на децата:

Кога вашето дете се однесува лошо, обидете се да го прашате дали тоа што го направило било љубезно? Дали било безбедно? Дали било пристојно? Овие три прашања можат да иницираат процес на промена и поука – без категоризирање или етикетирање.

Повеќе