Зошто, кога и како треба да ждригне бебето

Подригнувањето е важно, но не е задолжително после секое хранење. Најважно е да ги следите знаците на вашето дете, за да видите дали му е непријатно за време и по хранењето. Ако бебето заспие за време на хранењето, само нежно ставете го во креветчето, но не заборавајте да го ставите во странична положба

52

Бебето кое проголтало премногу воздух за време на хранењето е немирно и раздразливо. За да се избегне непријатноста во малиот стомак, бебето треба да ждригне. За малите бебиња не важат истите правила на трпезата како и за возрасните.

Ждригањето е важно за бебињата, а тој смешен звук често ги прави многу среќни мајките.

Посебно внимание треба да се посвети на подждригнувањето кај бебињата во првите месеци од животот, кога тие се хранат исклучиво со млеко, без разлика дали е тоа мајчино млеко или формула.

Зошто треба да ждригне бебето?

За време на хранењето, бебето секогаш голта малку воздух. Проголтаниот воздух е заробен во малиот стомак на бебето како мало меурче, а доколку не се исфрли, останува таму, се шири и го попречува варењето.

Исто така го спречува бебето да јаде колку што треба бидејќи воздухот го исполнува просторот наменет за млеко. На бебето му пречи воздухот што се шири во стомакот и тоа го спречува целосно да се најаде.

Сепак, доените бебиња голтаат помалку воздух од бебињата кои се хранети со шише бидејќи мајчиното млеко побавно стигнува до нивната уста.

Бебињата кои се нервозни и плачат за време на оброците исто така голтаат поголема количина на воздух. Во зависност од тоа какво е бебето за време на хранењето и колку воздух голта, таква е и потребата за подждригнување.

Како да му помогнете на бебето да ждригне?

Бебето треба да се подждригнува после или за време на оброците.

Може да се случи детето да има потреба да подригнува за време на оброкот. Тогаш престанува да цица, се напрега и се витка, што е јасен знак дека треба да подждригне.

Треба да го земете вашето малечко и нежно да го тапкате по грбот додека не подригне, а потоа да продолжите со доење или хранење со шише.

Секој пат кога вашето бебе гласно ќе подригне, повторно понудете му ја градата или шишето. Имено, големото количество воздух што го голта бебето може да го наполни малото стомаче што е повторно полупразно по подригнувањето.

Неколку начини да му помогнете на вашето бебе да подригне

1. Подригнување на бебето со прегратка и тапкање по грбот

Класичната положба за подригнување на бебето е држење на бебето потпрено на рамото на оној што го носи бебето, додека го тапка по грбот.

Пред да го земете вашето бебе и да почнете да го тапкате, ставете чиста крпа или пелена на вашето рамо. Во оваа положба по хранењето, бебето често знае да поврати, затоа бидете подготвени.

2. Тапкање на бебето во скут

Кога го храните вашето бебе и забележувате дека треба да подригне, најдобро е да го ставите во скут. Држете го бебето во скут и нежно подигнете го во полуседечка положба и држете го таму неколку моменти. Ако бебето е мало, поддржете му ја главата, вратот и грбот.

3. Бебе на стомак

За да го извадите вишокот воздух од стомакот на бебето, можете да го легнете бебето на стомак на своите колена и да го масирате или нежно да го тапкате по грбот. Ова е уште една положба што можете да ја примените и за време на хранењето.

Дали бебето треба да подригнува после секој оброк?

Подригнувањето е важно, но не е задолжително после секое хранење. Најважно е да ги следите знаците на вашето дете, за да видите дали му е непријатно за време и по хранењето.

Не потскокнувајте предолго со вашето бебе по хранењето, чекајќи да подригне ако видите дека е задоволно.

Како да подригне бебе што спие?

Како што споменавме – подригнувањето е задолжително ако вашето бебе покажува дека му е непријатно. Бебето кое заспива за време на хранењето треба да се стави во странична положба во креветчето. Ако вашето бебе заспие за време на хранењето, многу е веројатно дека не страда од вишок воздух во стомакот. Со носењето и тапкањето на вашето бебе со надеж дека ќе подригне може само да го разбуди, а сите знаеме колку е важно бебето да спие доволно. И за мајката и за бебето. Ако бебето заспие за време на хранењето, само нежно ставете го во креветчето, но не заборавајте да го ставите во странична положба бидејќи во текот на спиењето би можело да поврати.

Повеќе