5 работи што не мора да ги имате до 30-тиот и 40-тиот роденден

Не, не мора да ја работите работата од соништата, не мора да имате куп пријатели, па дури не мора ни да имате деца… Понекогаш е повеќе од доволно што сте живи, што дишете и што го правите најдоброто што можете.

158


Не мора да ја имате вашата работа од соништата. Поединецот доживува толку голем притисок дека мора да реши толку многу важни работи до одредена возраст, што не е ни чудо што на тој пат најмногу страдаат менталното здравје и нашата самодоверба.

Не мора да имате голема група пријатели. Доволно е да имате некој што се радува кога се радувате и вие и со кој вистински си ги подобрувате животите. Квалитетот го надминува квантитетот.
Не мора да ги имате решено сите трауми/предизвици што сте ги имале во детството. Личниот развој нема рок на траење и без разлика дали имате 15, 25 или 50 години, секогаш можете да почнете да станувате свесни за темнината што ја носите за да може светлината да стапи на сцена.

Поради регионот во кој живееме, ова може да биде контроверзно за некого, но не мора да имате деца до вашите 30-ти и 40-ти, па дури ни подоцна ако сметате дека тоа не е за вас. Родителството подразбира дека сме ги излечиле сите рани во нас за да можеме да бидеме пример и ветер во грбот на децата за тоа што можат да станат, а не производ на нашите сомнежи, трауми и нефункционални обрасци на однесување.
Не треба да знаете каде ќе бидете за 10 години. Дајте си можност да живеете таму каде што сте и да го користите секој ден за да откриете што врие во вас и кои се вашите единствени силни страни кои можете активно да ги искористите за да направите позитивни промени во вашиот живот.

Понекогаш е повеќе од доволно што сте живи, што дишете и што го правите најдоброто што можете. Не се откажувајте од себеси поради туѓите дефиниции за тоа каде треба да бидете.

Повеќе