Како да препознаете покачен шеќер во бременоста? Ова се првите знаци

Со оглед на тоа што последиците не се воопшто безопасни, тоа може негативно да се одрази на текот на бременоста, но и на здравјето на детето. Кој е најлесниот начин да се препознае дека бремената жена има гестациски дијабетес?

151

Гeстацискиот дијабетес или уште познат како дијабетес за време на бременоста се јавува кога нивото на шеќер (гликоза) во крвта на трудницата станува превисоко. Како што известува клиниката Мајо, овој тип на дијабетес првпат се дијагностицира во текот на бременоста, а трудницата никогаш претходно немала проблем со шеќерот во крвта.

Со оглед на тоа што последиците не се воопшто безопасни, тоа може негативно да се одрази на текот на бременоста, но и на здравјето на детето. Кој е најлесниот начин да се препознае дека бремената жена има гестациски дијабетес?

Како што објаснуваат гинеколозите, дијабетесот за време на бременоста често не предизвикува никакви видливи знаци или симптоми, што може дополнително да ја комплицира дијагнозата. Сепак, нагласуваат дека кај повеќето трудници сепак се појавуваат некои симптоми, или барем два од нив. Тоа се зголемена жед и често мокрење.

Исто така, постојат некои предупредувачки знаци кои исто така може да се појават, само малку поретко. Ова вклучува зголемен замор, гадење, проблеми со видот, поконкретно заматен вид и чести инфекции на вагината, мочниот меур или кожата. Доколку не се препознае навреме, гестацискиот дијабетес може да доведе до зголемен ризик од развој на дијабетес тип 2 кај децата.

Покрај дијабетесот кај бебето, други последици од нерегулираниот гестациски дијабетес може да биде раѓање на големо бебе (макросомија), развој на вродени малформации, прееклампсија, спонтан абортус, одложено созревање на органите на бебето, особено на белите дробови и неонатална смрт.

Повеќе