Денес (16-ти февруари), во новоотворениот „Центар за социјални претпријатија“ во Скопје, се одржа прогласувањето на победничките идеи од проектот RISE кој втора година по ред го имплементира „АРНО“.
Експертската жири комисија даде најдобри оценки за идеите „Камп“- градинка на отворено и „Yes for Less“ онлајн платформа базирана на еко-заедница. Младите од овие тимови преку програмата RISE ќе добијат финансиска поддршка во износ од 2500 евра и ќе продолжат да ги развиваат своите идеи во рамки на инкубациската фаза која следува.
Од АРНО апелираат до бизнис заедницата од Штип да помогне во отворањето на првата градинка на отворено, а до сите кои го читаат ова да се приклучат на заедницата на Yes for Less, за почеток, преку следење на нивниот инстаграм профил.
На прогласувањето на победниците се обрати и Барбара Садовска од проектот „Поддршка за социјалните претпријатија“ која ја најави законската рамка за социјално претприемништво и грантовата поддршка за млади социјални претприемачи.
Во име на Регионалната канцеларија за младинска соработка (РИКО) честитки за проектот и победниците упати Владимир Ѓорѓевски-директор на локалната канцеларија, кој воедно нагласи дека социјалното претприемништво може да биде алатка за поврзување и зближување на младите од регионот.
Изборот на најдобри идеи го правеше експертското жири составено од Барбара Садовска – Ептиса проект „Поддршка на социјалните претпријатија“, Ардита Бонати – RISE конзорциум, Александар Костадинов –РИКО/локална канцеларија, Софија Дацева – Матриошка, Дијана Митревска – Иновативност.мк, Игор Маџов – Стартап Македонија, Стефан Перчинков – Евалуатор.
Втората RISE генерација на млади социјални претприемачи доби поддршка од менторите: Бојан Кордалов, Игор Мишевски, Катерина Златановска Поповска, Михаела Василевска, Наталија Бургиева, Сања Манчева, Сара Бениулис, Димитар Јовевски, Љубомир Трајковски, Александра Лопарска Илоска.
Проектот RISE е развиен и мониториран од конзорциум составен од Регионалната канцеларија за младинска соработка (РИКО), ГРУПА СОС Пулс, Мрежа за млади на Југоисточна Европа (SEEYN), Францускиот институт и Француско-германската канцеларија за млади (ОФАЈ), а имплементиран од шест локални инкубатори – АРНО, Balkan Green Foundation, Nesto vise, Smart Kolektiv, IEC Tehnopolis и Yunus Social Business. Проектот RISE е кофинансиран од Француската агенција за развој (АФД) и Регионалната канцеларија за младинска соработка (РИКО). АРНО е гордо што е избрано за локален инкубатор и национална структура која го спроведува тригодишниот проект заедно со кредибилните партнери од регионот.