Ако жената ги има овие четири квалитети, таа е добра мајка

Терапевтката за брак и семејство д-р Рета Феј Вокер наведе четири знаци кои покажуваат дека жената е добра мајка.

3.476

Мајчинството е уникатно искуство кое може да биде исклучително убаво и исполнувачко, но во исто време со себе носи и многу предизвици.

Исто така, тоа не е за секого.

Некои жени не чувствуваат желба да станат мајки и тоа е сосема валиден и разумен избор.

Иако е убаво, мајчинството е исто така и тешко и исцрпувачко.

Терапевтката за брак и семејство д-р Рета Феј Вокер наведе четири знаци кои покажуваат дека жената е добра мајка.

Покажува интерес за децата и нивните интереси
„Одличните мајки реагираат веднаш, покажуваат вистински интерес за своите деца на соодветен начин.

Кога децата ќе почувствуваат и знаат дека ги слушате, тие се чувствуваат прифатени и ценети“, вели терапевтката за YourTango.

Ефикасно комуницира
Добрата комуникација е разликата помеѓу просечното и доброто родителство, според Вокер. „Затоа ќе видите неверојатни мајки кои повеќе слушаат отколку што проповедаат, дебатираат наместо да зборуваат и покажуваат почит кон вредностите, мислите, чувствата и мислењата на нивните деца“, вели таа.

Таа е најголемиот поддржувач на нејзините деца
Важноста на поддршката во развојот на младиот човек е толку значајна што е клучно подеднакво да учествуваат и двајцата родители, а не само мајката, посочува терапевтката.

„Сепак, мајките често се препознаваат како примарен извор на поддршка и охрабрување и им помагаат на своите деца да изградат самодоверба и издржливост“, додава таа.

Ја моделира емоционалната интелигенција

„Одличните мајки, кои ефикасно управуваат со своите емоции, имаат добри граници и односи со почит, демонстрираат здрави начини на справување со стресот и фрустрацијата.

Ова моделирање им ги обезбедува на нивните деца вештините што им се потребни за да се движат низ светот и нивната иднина”, заклучила Вокер.

Повеќе