Одличен напиток против тегобите во менопаузата: Две чаши дневно ги ублажуваат топлите бранови и потењето

Олеснете ги симптомите на менопаузата и прочитајте како природно да ги ублажите топлите бранови

5.072

Менопаузата носи бројни физички промени, но и здравствени проблеми, а жените најчесто се најмногу погодени од топлите бранови.

Познати и како валунзи, овие топли бранови обично започнуваат во градите и се шират преку вратот до лицето. Се јавува и потење, а кожата на лицето често поцрвенува.

Брановите може да траат минута или две, но дури и неколку часа.

Топлотните бранови во текот на ноќта се особено непријатни, кога жената се буди во пот.

Причината за топли бранови, кои можат да влијаат и на срцевиот ритам, е падот на хормоните естроген и прогестерон.

Мозокот не може адекватно да реагира на промената на температурата, а состојбата дополнително ја влошува стресот, тесната облека и топлото време.

Доколку не сакате да примате хормонска терапија за враќање на рамнотежата, состојбата можете да ја олесните со природни средства.

Истражувачите препорачуваат сок од домати, кој содржи гама-аминобутерна киселина и може да ги имитира ефектите на естрогенот.

Доволно е да пиете една чаша од овој сок два пати на ден за да ги намалите топлите бранови.

„Многу од моите пациенти имаа добри резултати со редовна употреба на ленено семе“, вели д-р Мери Џејн Минкин од Јеил.

Мелените семиња се користат во печива или секој ден по една до две кафени лажички се поросуваат врз салата – објаснува докторката.

Според неа, овие семки содржат лигнани, еден вид благ растителен естроген.

Топлите бранови обично исчезнуваат кога жената влегува во постменопауза, но тоа не е секогаш случај, па природните лекови се добро решение и за овие дами.

Повеќе