Џиновско бебе“ е хит на Тик-Ток: „Има четири месеци и носи облека за едногодишни деца“

Сите мои пари ќе одат на неговата облека бидејќи за две недели ќе му требаат нови“, се пошегува неговата мајка

602

„Иден олимпиец“, ова се зборовите со кои Девон Нимон, медицинска сестра од САД, го опиша во видео на Тик-Ток нејзиното „големо бебе“ кое на четири месеци носи облека за едногодишни деца, нејзиниот син Конор.

Новости за моето џиновско бебе, тешко е речиси 8 килограми и долго е 66 сантиметри.

Огромен е и има најубави сини очи“, се пофали Нимон со бебето кое ги надминува другите деца на негова возраст, пишува Мирор.
„Сите мои пари ќе одат за неговата облека, бидејќи за две недели ќе му требаат нови“, вели Девон, додавајќи дека нејзиното малечко расте толку брзо што таа на шега вели дека едноставно, не знае што да прави.

„Тој јаде сè, но е среќно момче, не можев да барам повеќе“, објаснила таа.

Видеото набрзо станало вирално со повеќе од 1,3 милиони прегледи, а коментарите на изненадените корисници продолжуваат.
„Тој е поголем од моето седуммесечно дете“, забележал еден корисник, додека друг прашал: „Колку е висок таткото?“.

„Тој е двојно поголем од моето петмесечно дете!“, „Тоа е возрасен маж“, се само дел од коментарите кои можат да се најдат под видеото.

Повеќе