Мајка одбива да ја дели храната со детето и тоа денес се нарекува „нежно родителство“

Никогаш не сум се чувствувала повеќе „аут“ отколку после ова видео кое едноставно, не го разбирам. Детево бара храна, ама бидејќи било појадувано мајката одбива да му даде од нејзината. Ова го нарекуваат нежно, наспроти таканареченото попустливо родителство. Ајдеее…

155


Рејчел Гибс практикува нежно родителство кое вклучува јасни граници.

Меѓу другото, таа тврди дека е дозволено да се одбие да се дели храна со децата.

Гибс објави на Тик-Ток видео како си прави закуска за себе.

Кога нејзиниот тригодишен син ќе ја замоли да му даде храна, таа цврсто му вели – не.

„Ова е потсетник дека е во ред да се има ограничувања кога станува збор за споделување храна со децата“, вели таа во видеото, кое собра повеќе од четири милиони прегледи.

Патем, му објаснува на детето дека тоа е нејзиниот оброк и дека веќе го изел неговиот.

„Не можеш да ја имаш мојата храна, не сакам да делам“, му вели таа на својот син.

Малиот не се откажува, па ја прашува: „Зошто?

„Затоа што не сакам да делам и затоа што сум гладна. Уште не сум јадела”, одговара таа.

Додека нејзиниот син вика дека е гладен, таа му предлага да најде нешто во оставата или во фрижидерот. Исто така, ги потврдува неговите чувства велејќи: „Разбирам дека си лут“.

Некои гледачи сметаат дека е важно да го следат примерот и да поставуваат граници, дури и околу навидум тривијални работи.

„Со моите деца споделувам сè во 99 проценти од времето, во ред е што понекогаш не сакам и ако кажам не, значи не“, „Моите родители секогаш ме тераа да споделувам, ова е вистинско освежување“, „Важно е децата да научат дека не значи не. Браво“, пишуваат некои.

Сепак, има и такви кои веруваат дека е погрешно да се каже не на гладно дете.

„Храната е основна потреба, а вие му ја негирате на детето“, „Нежното родителство не значи ограничување на храната“, „Ова никогаш не би можел да го направам. Сè споделувам со децата, ова е болно“, се нивните мислења.

Наводно, современите родители не ги казнуваат децата, туку поставуваат граници и ограничувања.

Речиси половина од мајките и една третина од татковците практикуваат нежно родителство, според истражувањето на Универзитетот во Мичиген, спроведено на 2.044 родители.

Дури 78 отсто од родителите велат дека посакуваат да имаат повеќе трпение, што е многу важно за нежното родителство.

Наместо да казнуваат, денешните родители поставуваат граници.

Никогаш не сум се чувствувала повеќе „аут“ отколку после ова видео кое едноставно, не го разбирам.

Детево бара храна, ама бидејќи било појадувано мајката одбива да му даде од нејзината. Ова го нарекуваат нежно, наспроти таканареченото попустливо родителство.

Ајдеее…

Ова се навистина некои други генерации, но сепак се сомневам дека, барем што се однесува до споделување на храната, тоа би поминало на Балканот.

Што мислите вие?

Повеќе