Родители, да не претеравте малку? Слика од ултразвук, слика од бебето, слика од првиот чекор, првото запче, првата кашичка, …
Ако го погледнете збирот на сите информации што сте ги објавиле на Интернет, можеме да го добиеме вашиот Интернет профил, а со гледање на секој сегмент од тој профил, можеме да го добиеме вашиот дигитален отпечаток.
Последиците од (претераното) споделување информации за нашите деца веројатно ќе ги разбереме дури кога ќе пораснат
„Sharenting“: англиски термин, создаден со комбинирање на зборовите „share“ (делење) и „parenting“ (родителство), се однесува на трендот на прекумерно споделување на личните податоци на детето од страна на родителите.
Да се биде одговорен родител и да се одгледува одговорно дете, не е лесна работа, а современите технологии ја прават таа работа уште посложена.
Објавувањето на детски фотографии и информации за детето на социјалните мрежи стана составен дел од родителството кај нас и ширум светот.
Многу родители не обрнуваат доволно внимание на она што го објавуваат јавно, односно на Интернет.
Така, за повеќето деца родени во последните 5-10 години, на социјалните мрежи можете да најдете некои или сите од следниве лични податоци: име на родители и членови на потесното семејство, слика од ултразвук, слика на новороденчето, мерки, датум на раѓање, место на раѓање, слики од првите чекори, прво хранење и уште многу „први“ настани и лични информации.
Експертите за безбедност ги предупредуваат родителите дека со прекумерното споделување, го ставаат своето семејство во безбедносен ризик и непотребно го оптоваруваат дигиталниот отпечаток на нивното дете.
Дигитален отпечаток
Дигитален отпечаток е вашиот отпечаток во дигиталниот свет.
Тоа се сите ваши дејства, кликови, снимени страници и фотографии, видеа или ваши лични податоци што ги објавувате на Интернет.
Вашиот дигитален отпечаток, како и вашиот отпечаток од прст, е единствен и може да ве идентификува како поединец и личност.
Ако го погледнете збирот на сите информации што сте ги објавиле на Интернет, можеме да го добиеме вашиот Интернет профил, а со гледање на секој сегмент од тој профил, можеме да го добиеме вашиот дигитален отпечаток.
Последиците од (претераното) споделување информации за нашите деца веројатно ќе ги разбереме дури кога ќе пораснат и кога општеството (нивните пријатели, но и пошироката средина) ќе почне да им испраќа повратни информации за објавената содржина.
Денес е тешко да се каже дали децата кои имаат богато онлајн досие ќе имаат предност пред децата кои немаат или обратно.
Кога станува збор за безбедноста на интернет, нема сомнеж за тоа – колку повеќе споделувате, толку сте понесигурни и поизложени.
Предатори
Споделувањето е исто така поврзано со ризикот од предатори, бидејќи предаторите подоцна можат да ги користат објавените информации за да им се приближат на децата на интернет.
За да се зближат со децата, сексуалните предатори користат тактика наречена grooming, односно, врбување.
Овој процес често трае со месеци, сторителите се многу трпеливи и темелни и поминуваат многу време за да изградат однос на доверба со детето.
Првиот контакт помеѓу предаторите и децата најчесто се остварува преку Интернет, често преку комуникација во рамките на видео игрите, кои родителите не можат да ги откријат.
Насилникот ќе му дава пофалби на детето, ќе му посвети многу внимание и ќе ги сподели своите проблеми со детето за да покаже разбирање.
Тие, исто така, често се преправаат дека се деца на Интернет, а по воспоставувањето доверба, што може да вклучува и вртење на детето против родителите, таа врска често добива форма на т.н. секстортион (sextortion).
Напаѓачот ќе побара од детето да му испрати интимни фотографии, а потоа ќе го уценува за да добие повеќе со таква содржина или ќе го принуди на сексуална активност во живо.
Градење на онлајн идентитет
Исто така, имајте на ум дека сликите што денес вам ви се слатки, можеби нема да бидат такви за вашето дете – особено кога ќе дојде до тинејџерски години – и нема да биде среќен што се тие објавени на Интернет.
Психолозите предупредуваат дека идентитетот на детето создаден од родителите може да влијае на проблемот на формирање на сопствен идентитет одвоен од дигиталниот идентитет дизајниран и произведен од родителите.
План за користење на екраните во семејството
Има родители кои споделуваат на социјалните мрежи и такви кои не споделуваат.
Ако одлучите да споделите, бидете внимателни и обидете се да избегнете sharenting.
Доколку е потребно, разговарајте со другите членови на семејството и со пријателите за вашиот став за споделување информации и фотографии од вашето дете и замолете ги да го почитуваат и да не ги објавуваат без дозвола.
Децата учат гледајќи и имитираат, па така градат и врска со екраните и начинот на кој го поминуваат слободното време гледајќи ги своите родители и другите возрасни во семејството.
Ако сакаме да го избегнеме сценариото кога нашето дете е залепено за екраните, мораме да се оттргнеме и ние од нашите.
Дали вашите навики за користење на дигитални уреди ги одразуваат вредностите што сакате да му ги пренесете на вашето дете?
Дури и мала промена во вашето однесување носи големи придобивки за целото семејство. Намалете го времето што го поминувате пред екранот и заменете го со позитивен пример:
Ако одите некаде каде што ќе треба да чекате (на пример, на педијатар), понесете книга или списание за вас и сликовница или играчка за детето.
Ако патувате со автомобил, посочувајте му на вашето дете предмети надвор од автомобилот.
Во автомобилот имајте карта на градот на која претходно со фломастер сте ја означиле рутата која често ја возите (до кај баба и дедо, до градинка, на воннаставни активности,…).
Исклучете го звукот на мобилниот телефон за време на семејните оброци и исклучете ги и отстранете ги сите други екрани (телевизор, таблет, лаптоп) од масата.
Одредете време без екрани за сите во куќата.
Давањето добар пример е секогаш најдобриот прв чекор во водење на детето и е од клучно значење за развивање добар пристап кон дигиталното родителство.
Децата учат гледајќи ги своите родители!
Тие учат од нашите примери и постапки, многу повеќе отколку од нашите зборови.
Ако им зборувате на вашите деца за умерено користење на екранот како разумна опција, а вие самите често го проверувате телефонот штом заѕвони (или почесто) и гледате несоодветни содржини, тие нема да веруваат во вашите зборови.
Важно е децата да видат како и ние возрасните ги живееме истите вредности што се обидуваме да им ги пренесеме.