Aко бебето го мачат запчињата, дајте му младо кромитче (ВИДЕО)

Една мајка открива во видео на Тик-Ток како го смирила своето бебе на кое му никнуваат запчиња. Овој трик воодушеви милиони, а во едно интервју, употребата на младо кромитче за деца постари од 6 месеци го одобрува и педијатриската диететичарка Грејс Шеј

45

Излегувањето на првите заби е најчесто непријатно искуство за бебето, но и за родителите. Меѓутоа, една снаодлива мајка нашла начин да ја врати насмевката на лицето на нејзината малечка ќеркичка.

Во вирално видео на Тик-Ток, Кристина Кинг се обидува да го смири девојчето давајќи му да џвака млад кромид. За среќа, трикот успеа.

Во видеото, малото девојче, кое се бори со никнувањето на забите, сè уште со солзи во очите, се смирува веднаш штом ќе го проба кромидот.

Во интервју за Healthline, педијатриската диететичарка Грејс Шеј истакнува дека кромидот е добар за децата кои наполниле шест месеци, а секако и за постарите деца.

„Кромидот е преполн со хранливи материи кои се добри за бебињата, како на пример, со влакна и пребиотици“, вели таа.

Накратко, се смета дека благите природни сокови од зелениот кромид можат да ги смират непцата на бебето за време на фазата на никнување на забите.

Ако не верувате, погледнете го видеото подолу.

@kristinakking

worked better than everything else weve tried 🫠 she loved it! #babytiktok #teethingbaby #momhacks #foryou

♬ original sound – Kristina King
Повеќе