Млада Кинезинка излечена од дијабетес тип 1: По терапија со матични клетки дијабетичарка од Кина почнала да произведува инсулин

Млада пациентка од Тијанџин, Кина е првата личност во светот со дијабетес тип 1 која е лекувана со помош на клетки извадени од сопственото тело

147

Млада пациентка од Кина била излечена од дијабетес тип 1 со помош на матични клетки, а ова е првпат во светот научниците да успеат да го променат текот на оваа автоимуна болест.

Терапијата со матични клетки успеала да го промени текот на дијабетес тип 1 кај 25-годишна жена.

Станува збор за болест која го спречува панкреасот да произведува инсулин.

Пациентката од Тијанџин, Кина е првата личност во светот со оваа болест која ја лекувале научници од University of Alberta во Канада со помош на клетки земени од нејзиното сопствено тело.

Жената е излечена од дијабетес тип 1 и покрај тоа што примала значителни количини на инсулин

Една млада жена со дијабетес тип 1 почнала да произведува инсулин помалку од три месеци откако примила терапија со матични клетки, регенеративен лек кој користи матични клетки за лекување или превенција на болести или повреди.

По повеќе од една година од трансплантацијата, жената рекла дека почнала да јаде се, па дурио и шеќер.
Експертите од University of Alberta не ја криеле среќата, но и изненадувањето од постигнатите резултати.

„Целосно го сменивме дијабетесот на пациентот, кој претходно имаше потреба од значителни количини на инсулин“, нагласил д-р Џејмс Шапиро, хирург за трансплантација и истражувач на Универзитетот.

Како е направена операцијата?

Според студијата, објавена во списанието Cell, лекарите ги следеле резултатите од посебна група луѓе во Шангај, меѓу кои и 59-годишен маж со дијабетес тип 2, на кој на почетокот на годината успешно му биле трансплантирани островца кои произведуваат инсулин во неговиот црн дроб.

Тие објасниле дека островцата се добиени од репрограмирани матични клетки земени од телото на човек, односно на пациент кој се лечи.

Неколку месеци по трансплантацијата, научниците објавиле дека човекот престанал да зема инсулин.
Потоа, истата процедура ѝ била направена на жена, во јуни 2023 година, во операција која траела помалку од половина час.

Лекарите ѝ инјектирале околу 1,5 милиони островца во нејзините стомачни мускули, ново место за трансплантација на островца.

Обично, трансплантација на островца се прави во црниот дроб, каде што клетките не можат да се набљудуваат. Меѓутоа, нивното ставање во абдоменот им помогнало на лекарите да ги следат клетките со помош на магнетна резонанца и потенцијално да ги отстранат доколку е потребно.

Пациентката излечена од дијабетес тип 1 почнала да произведува инсулин по 3 месеци

Лекарите рекле дека ефективноста на островцата претходно била тестирана на глувци и примати кои не се луѓе.
Според списанието Nature, спроведени се неколку пионерски испитувања со користење на матични клетки за лекување на дијабетес, кој погодува речиси половина милијарда луѓе ширум светот. Повеќето од нив имаат дијабетес тип 2, во кој телото не произведува доволно инсулин или неговата способност да го користи хормонот е намалена.

Според лекарскиот извештај, околу три месеци по операцијата, телото на жената почнало да произведува доволно инсулин за да може да живее без никакви суплементи и таа можела да го одржува тоа ниво на производство повеќе од една година.

Оттогаш, таа престанала да се соочува со опасни скокови и падови на нивото на гликоза во крвта, кое останало во рамките на целниот опсег повеќе од 98 проценти од деновите.

Како функционира трансплантацијата на матични клетки кај дијабетичари?

Според експертите, трансплантација на островца – процедура која вклучува трансплантација на островски клетки од панкреасот на донаторот во црниот дроб на примателот за да помогне во производството на инсулин за регулирање на нивото на гликоза во крвта – помага во лекувањето на болеста.

Но, лекарите велат дека нема доволно донатори за да се задоволи зголемената побарувачка, а примателите мора да користат лекови кои го потиснуваат имунитетот за да го спречат телото да го отфрли донорското ткиво.
Матичните клетки може да се користат за одгледување на кое било ткиво во телото и може да се одгледуваат на неодредено време во лабораторија – што значи дека тие потенцијално нудат неограничен извор на ткиво на панкреас.

Повеќе