Пензионери на Интернет: Здравствените придобивки од социјалните мрежи за повозрасните лица

За луѓето во подоцнежни години, употребата на Интернет и на социјалните мрежи нуди вредна можност и алтернатива за пристап до информации во врска со здравјето.

68


Веројатно многу пати сте слушнале дека поминувањето време на интернет, во царството на социјалните мрежи, не е толку добро за вашето ментално здравје.
Сепак, една нова студија може да го промени тоа гледиште. Таа сугерира дека времето поминато на социјалните мрежи може да им помогне на возрасните лица над 50 години да ги намалат симптомите на депресија за околу девет проценти.

Истражувањето, кое анализирало повеќе од 87.500 возрасни лица, исто така сугерира дека може да го зголеми општото задоволство од животот. Корисниците на Интернет, исто така, во просек, го оцениле своето здравје за 15 проценти подобро од своите колеги кои не се на Интернет.

„За луѓето во подоцнежниот живот, кои често се соочуваат со ограничувања во мобилноста и активноста, користењето на Интернет нуди вредна можност и алтернатива за пристап до информации поврзани со здравјето и е важен канал за социјални врски и онлајн забава“, напишале коавторите во студијата.

Тие додаваат дека „со надминување на социјалните и просторните бариери, користењето на Интернет може да ги олесни врските со семејството и пријателите и да ги прошири социјалните мрежи меѓу средовечните и постарите возрасни лица“.

Студијата, објавена во списанието Nature, ги анализирала навиките поврзани со Интернет на поединци од 23 земји, кои известувале за зачестеноста и природата на нивната употреба. Потоа, истражувачите погледнале како овие навики влијаат на депресивните симптоми и задоволството од животот на учесниците.
Најпозитивни влијанија доживуваат возрасните од САД, Велика Британија и Кина. Придобивките биле исто така силни за корисниците над 65 години, кои не се во брак и инаку имале пониски нивоа на социјални контакти.

Учесниците не мора често да користат Интернет за да ги добијат придобивките.

Во шесте групи на кои истражувачите се фокусирале, некои корисници користеле Интернет помалку од еднаш неделно. Меѓутоа, во земји како Кина, САД и Велика Британија, возрасните кои почесто користеле интернет имале подобро ментално здравје.

„Овие придобивки биле конзистентни во различни земји, истакнувајќи го потенцијалот на интернетот како алатка за подобрување на менталното здравје на глобално ниво“, изјавил д-р Кингпенг Канг, коавтор на студијата, за BBC Science Focus.

Иако податоците од студијата не откриле информации за потенцијалните негативни ефекти на Интернетот врз менталното здравје, некои експерти тврдат дека тоа е меч со две острици.

„Не треба да ја гледаме целата употреба на интернет како хомогено влијание. Сакам да го гледам интернетот како алатка која, доколку се користи соодветно и умерено, може да помогне во поврзувањето на луѓето со другите, но не може да ја замени значајната жива интеракција која е толку важна за намалување на осаменоста“, вели професорката Андреа Вигфилд, директорка од Центарот за студии за осаменоста, која не бил вклучена во истражувањето.

Повеќе