Феноменот на зимски пенис е вистински!

Екстремно ниските температури не влијаат само на респираторните, циркулаторните или други здравствени проблеми, туку и на големината на машкиот екстремитет, предупреди англискиот лекар Доналд Грант.

226

Кога живата во термометарот паѓа, телото му дава приоритет на протокот на крв во други, витални органи како срцето и мозокот, кои настојува да ги одржи топли.

Затоа, екстремно ниските температури не влијаат само на респираторните, циркулаторните или други здравствени проблеми, туку и на големината на машкиот екстремитет, предупреди англискиот лекар Доналд Грант.

Зимски пенис
Сепак, многу мажи токму при ниски температури ќе го искусат таканаречениот зимски пенис, но како што истакнува докторот, ова е сосема нормална и природна реакција на телото со која го штити органот од студеното време.

Со други зборови, тестисите се намалуваат за да бидат што поблиску до телото и да останат топли. Сепак, нема причина да се грижите бидејќи како што телото се загрева, гениталиите се враќаат во нивната нормална големина.

Еректилна дисфункција

Поголем проблем ќе имаат оние мажи кои имаат проблем со еректилна дисфункција.

Имено, иако студеното време и зимскиот пенис не можат директно да предизвикаат импотенција, тие дополнително можат да влијаат на способноста на мажите да постигнат и одржуваат ерекција, што директно влијае на нивната самодоверба.

Покрај зимскиот феномен, лекарот предупредува дека секоја трајна промена на изгледот или циркулацијата во пределот на пенисот и тестисите треба да биде причина за консултација со лекар. Ваквите симптоми може да бидат знак за посериозни здравствени проблеми, пишува Дејли Меил.

Лекување

Раното откривање на импотенција не е само клучно за сексуалната благосостојба, туку понекогаш може да сигнализира дополнителни здравствени проблеми како што се кардиоваскуларни болести. А кога станува збор за лекување, најчестиот прв чекор во лекувањето вклучува разговор со лекар, а потоа земање лекови за еректилна дисфункција, кои се комбинирани со различни видови терапија и психотерапија.

Други видови терапија вклучуваат вакуум, интракавернозни инјекции и шок бранови, кои се користат во случаи на докажана васкулогена еректилна дисфункција.

Повеќе