Видливо слабеење на мозочните функции почнува уште во четириесеттите, а за тоа е заслужен еден виновник

Видливото слабеење на мозочните функции доаѓа во просек околу 44-тата година од животот, а најбрзиот пад се случува околу 67-мата

112

Како што рекол Шекспир – сите имаме свои влезови и излези на големата сцена на животот. Но, сега научниците го одредиле моментот во средната возраст кога нашите мозочни клетки почнуваат да ги покажуваат првите знаци на забавување.

Според анализата на мозокот и когнитивните тестови спроведени на 19.300 субјекти, овој момент доаѓа во просек околу 44-тата година од животот. Токму тогаш започнува видливото слабеење на мозочните функции, а најбрзиот пад се случува околу 67-та година од животот. Истражувачите од Универзитетот Stony Brook во САД веруваат дека нивните наоди би можеле да помогнат во развојот на стратегии за зачувување на здравјето на мозокот во подоцнежните години од животот.

„Разбирањето кога и како мозокот почнува брзо да старее ни овозможува да ги идентификуваме критичните точки за можна интервенција. Утврдивме клучен момент во средната возраст кога мозокот почнува да губи пристап до енергија, но пред да се случи неповратно оштетување. Тоа е моментот на „свиткување“ пред да дојде до „пукањето“, објаснил неврологот Лилиен Мухика-Пароди.

Главниот виновник

Студијата го открила и главниот виновник за ова пропаѓање: отпорност на невроните на инсулин. Како што старее мозокот, неговите неврони стануваат помалку чувствителни на инсулин, што значи дека помалку гликоза влегува во клетките и обезбедува енергија, што доведува до прекин на мозочните сигнали.

Оваа хипотеза била дополнително потврдена со генетска анализа, која покажала врска помеѓу активноста на протеините GLUT4 (кој ја апсорбира гликозата) и APOE (кој транспортира маснотии) со знаците на влошување на мозокот. Научниците веруваат дека враќањето на изворите на енергија за невроните може да го забави стареењето на мозокот и да отвори нови можности за лекување на невродегенеративни болести. Особено затоа што протеинот APOE веќе е поврзан со Алцхајмеровата болест.

„Во средната возраст, невроните се метаболички исцрпени бидејќи немаат доволно гориво – се борат, но сепак се одржливи. Затоа, обезбедувањето алтернативен извор на енергија во овој клучен момент може да помогне во обновувањето на функцијата. Меѓутоа, во подоцнежните години, продолженото невронско гладување може да предизвика верижна реакција на физиолошки проблеми, што ја прави интервенцијата помалку ефикасна во тоа време“, вели Мухика-Пароди.

Кетонски додатоци

За да ја тестираат оваа теорија, истражувачите на 101 испитаник им далесуплементи на кетони, соединенија кои ја зголемуваат чувствителноста на невроните на инсулин и го намалуваат метаболичкото оштетување.

Резултатите покажале дека знаците на опаѓање на мозокот се стабилизирале по земањето кетони, а најголемата корист е забележана кај испитаниците на возраст меѓу 40 и 59 години. Ова сугерира дека овој тип на третман може да биде корисен, но само ако се применува навремено.

Повеќе