Превентивното давање парацетамол после вакцина, може да ја намали нејзината ефикасност
Иако парацетамолот понекогаш се дава превентивно, за да се ублажат стравовите на родителите од високата температура на бебето по вакцинацијата, научниците веруваат дека е можно ова да го наруши одговорот на имунитетните клетки. Тие советуваат давање парацетамол само ако температурата на бебето е над 38 степени
Студија во која учествувале 450 вакцинирани бебиња покажала дека давањето парацетамол во следните 24 часа навистина помогнало да се намали телесната температура на детето. Меѓутоа, чешките научници откриле и значително помал одговор на организмот на вакцината, кога на детето му бил даден парацетамол, во споредба со организмот на бебињата кои не го примиле овој лек.
Водачот на студијата, професорот Роман Примула, вели дека парацетамолот понекогаш се дава превентивно за да се ублажат стравовите на родителите од високата температура на детето по вакцинацијата.
Сепак, една студија, која вклучувала вакцинации и ревакцинации, покажала дека оваа практика всушност може да предизвика повеќе штета отколку корист.
Ова е веројатно првпат да биде забележан овој ефект на парацетамолот после имунизација. Научниците веруваат дека е можно парацетамолот да го наруши одговорот на имунитетните клетки на вакцината.
„Клиничкото значење на овие имунолошки резултати е нејасно и потребна е дополнителна евалуација“, напишал професорот Примула.
„Сепак, превентивното давање на парацетамол по вакцинацијата повеќе не треба рутински да се препорачува без внимателна проценка на очекуваните придобивки и ризици“.
Тие советуваат давање парацетамол само ако температурата на бебето е повисока од 38 степени.