Читајте го говорот на телото на детето: Сигнали кои говорат дека има недостиг од витамини Б

Меѓу најчестите микронутриенти со чиј недостаток се соочуваат децата се витамините од Б комплексот. Овие витамини не се складираат во телото и кога не ги внесуваме доволно преку храна, се создава дефицит. Д-р Драгана Емел Марковска посочува на најчестите симптоми кои укажуваат на овој недостиг

130

Современото семејство денес живее брзо. Во секојдневјето на современото семејство, не е невообичаено и децата да покажуваат знаци на замор, намалена концентрација или лесна раздразливост. На овие состојби не гледаме како на симптоми. Како родители често ги занемаруваме или ги препишуваме на „умор од училиште“ или „премногу обврски“.

Но, телото на детето има своја прецизна биологија и испраќа сигнали кога му недостигаат основни нутритивни елементи. Нам, на родителите и педијатрите ни останува да го читаме говорот на телото на детето.

Меѓу најчестите микронутриенти со чиј недостаток се соочуваат децата се витамините од Б комплексот. Овие витамини не се складираат во телото и кога не ги внесуваме доволно преку храна, се создава дефицит.

Кај децата дефицитот може да се појави како ненадеен замор, слаб апетит, проблеми со концентрација, главоболки, лесна раздразливост, анксиозност, честа болест и бавно опоравување, во потешки случаи – анемија или нервна раздразливост.

Овие витамини се особено важни кај деца кои се во фаза на интензивен раст, кои се пребирливи за исхрана, се занимаваат со спорт, имаат многу за учење или закрепнуваат од болест или терапија.

Кога едно дете често се жали на вртоглавица, слаба енергија, нерасположение или „едноставно не е како порано“, во тие случаи ние педијатрите укажуваме на потребата од дополнителен внес на Б витамини. Во некои ситуации, се применува парентерална терапија (преку инекција), но во повеќето случаи, особено во превентивен или поддржувачки контекст, доволен е внес преку суплементи или балансирана исхрана.

Во аптеките комплексот од Б витамините за децата е достапен во форма на гранули со вкус на какао, кои може да се земат директно или да се раствораат во вода или млеко и се консумираат еднаш дневно. Тоа е цел тим од витамини, кои како добра дружина работат заедно и си помагаат. Секој има своја задача – некој му помага на телото да создава енергија, друг го поддржува мозокот и нервниот систем, трет ја чува кожата здрава или го поттикнува апетитот.

Б витамините во Beviplex се во форма на гранули и се наменети за деца, а особено е важно што ги содржат најважните членови од оваа „дружина“:

– Б1 и Б2 – за енергија и добра работа на срцето и нервите

– Б3 и Б5 – за силен нервен систем, за стрес и здрава кожа

– Б6 – важни за нервниот систем

– Б12 – го поттикнува апетитот

Најчесто Б витамините се препорачуваат кога детето има слаб апетит, закрепнува по болест или е на терапија, кога му недостига разновидна исхрана и во стресни периоди за детето.

Комбинацијата претставува природна поддршка за имунитетот, но и решение за општ замор и исцрпеност на детето и најчесто се  препорачуваат кај деца над 1 година.

Повеќе