Најмладата таксистка во Нови Сад изгледа како Ким Кардашијан, а вози како Шумахер

Оваа млада девојка која се нашла себеси во професијата – таксист, вели дека вози само ноќни смени, но и дека е најдобар возач во градот. За жал, не станува збор за Скопје, туку за Нови Сад. Што мислите вие, колку жени-таксистки возат во нашиот град и што би се случило кога оваа убава девојка би била зад воланот на некое скопско такси?

555

Како дете си играла со своите браќа и другари од улица. Таа се натпреварувала со нив во возење велосипед, ролери, скејтборд, а подоцна и мотори и автомобили.

Љубовта кон автомобилите ѝ се појавила од мали нозе. Нејзиниот дедо бил професионален возач на луѓе од деловниот свет. Ја гледала мајка ѝ како вози, решила сама да проба и успеала. Веќе на 13 години тајно го запалила автомобилот и се возела по споредните улички на селото од каде што се нејзините родители. Уште како мала собирала колички и си играла со нив.
Маријана Маљеновиќ е најмладата таксистка во Нови Сад. Таа е омилена меѓу колегите и клиентите. Бонбоните и слатките се задолжителни во нејзиниот автомобил. Таа вози исклучиво ноќе.

„Тоа се случи сосема случајно. Во слободно време доставував храна и во таа прилика запознав човек, кој сега ми е директор. Се изненади кога виде млада девојка на таа работа. Ми остави контакт во случај да сакам да дојдам да работам во Ред Такси. Долго не размислував за таа опција. Подоцна отидов на интервју, сакав да пробам, го положив испитот од познавање на градот, добив лиценца и почнав да работам во ноември 2019 година.
Работев кратко во текот на денот додека не се навикнав. Повеќе ме привлекуваше ноќната работа, младешката енергија, бидејќи младите многу излегуваат и во градот владее посебна енергија слична на мојата. Од самиот почеток, клиентите ме прифатија со ентузијазам, а јас секогаш се трудам да бидам фина со сите и да уживам во возењето. Нескромно се сметам за дефинитивно најдобар возач во градот и воопшто, кога и да се најдам на пат“, вели таа за еден српски портал.
Раскажува дека два месеци во здружението имало селективен избор на возила, кој подоцна бил укинат и тогаш клиентите најмногу ја избирале неа.
„Преку мрежата речиси постојано доаѓаше повик за добро познатата 13-ка. Тоа бев јас. Се трудам и сакам секогаш да изгледам убаво, а автомобилот да биде чист и да мириса убаво, што секако им годи на сите. Многу колеги се прашуваат зошто луѓето често бараат од мене да ги возам. Само се насмевнувам и одговарам дека сè правам со љубов, бидејќи луѓето тоа го чувствуваат, препознаваат и сакаат повторно да ме видат.

Тогаш ги одбивав речиси сите повици освен еден кој беше неверојатно упорен и подготвен да чека колку што треба. Отидов да видам за што се работи. Се приближуваше момче со огромен букет рози, а јас помислив дека цвеќето треба да се достави на некоја адреса. Но, тој седна и ја кажа својата дестинација. Се чувствував малку непријатно. Во муабетот рече дека е воодушевен бидејќи тој ден видел девојка како вози такси и сакал да се запознае со мене, а кога стигнавме ми го подаде букетот со порака дека никогаш не треба да ја симнувам насмевката од моето лице“, се потсетила Маријана на едно убаво изненадување.
Никогаш не се плашела ниту пак доживеала непријатно искуство бидејќи сите ги дочекува убаво. Згора на тоа, таа ги смета за најинтересни ноќните возења, особено за време на викендите, понекогаш сè до утрото, кога и таа ужива:

„Главно сите сакаат да разговараат, а јас им велам само да уживаат и да кажат која музика им се допаѓа. Имам и специјален телефон што им го давам за да слушаат што сакаат од YouTube. Често се случува да им се допадне атмосферата и да сакаат само да се возиме низ градот. Одлично се согласувам и со девојките и со момците, а изгледам и како да се враќам со нив од излегување, бидејќи секогаш сум средена како да излегувам.

Еднаш една девојка влезе во возилото и почна да „вреска“ затоа што не можеше да поверува дека јас сум дошла на повикот „токму кога треба“. Влезе и нејзината другарка и одевме да го следиме нејзиното момче затоа што сакаше да провери дали ја лаже. Траеше, но таа беше среќна затоа што сè беше како што ѝ кажал. После морав да одам на пица со нив бидејќи мисијата беше успешно завршена“, се смее таа.
Момците, секако, ја опсипуваат со комплименти, но границите на добриот вкус мора да постојат.

„Секогаш сум професионална, секако дека е убаво да се слушнат убави зборови, но не дозволувам да дојде до непријатна ситуација. Не дозволувам приказната да тргне во погрешна насока, ниту да ми се додворуваат. Секако дека можеме да се шегуваме, но да поставиме граници. Имало дури и пијани, смешни, со она „Сакаш да се омажиш за мене?“
Таа вели дека работата таксист во никој случај не е резервирана само за мажи.

„При влегување во возилото често ме прашуваат дали возам или се работи за лажно такси. Смешно е, но не ретко ме прашуваат дали сум го позајмила или украла возилото, се разбира преку шега. Сепак, дефинитивно постојат стереотипи дека жените не знаат да возат. Малкумина припаднички на понежниот пол се одлучуваат и „се осмелуваат“ да се занимаваат со оваа работа.

Во здружението сме пет жени, кога дојдов имаше само една. Жените се повнимателни во сообраќајот, но често се поисплашени и понесигурни, а тоа се чувствува на патот. Токму поради таа причина, сите ние страсните и добри возачи понекогаш знаеме да мрмориме „Леле, жена“, се смее таа.
Таа се сеќава и на некои непријатни настани.

„Кога клиентот нема добра енергија, лошата енергија може да влијае на возачот. Таквите возења се помалку удобни и убави. Затоа е важно секоја работа да се работи од љубов, па и ова се надминува. Се трудам на секого да му го разубавам денот и со мојот пример да им пренесам на луѓето; нешто поинакво, посебно, убаво“, заклучува Маријана Маљеновиќ.

Текстот и фотографиите се од ТУКА.

Повеќе