Како да препознаете дека вашите родители се осамени?

Како што се менува секојдневјето на постарите лица, нивниот дом може да стане потивок, а знаците на осаменост полека стануваат повидливи за другите. Ова се некои од показателите на хронична осаменост кај родителите.

1

Истражувањето на BMC Geriatrics наведува дека хроничната осаменост често се развива со текот на годините поради животни транзиции, промени во рутината, заминување на децата и губење на социјалните кругови. Како што се менува секојдневјето на постарите лица, нивниот дом може да стане потивок, а знаците на осаменост полека стануваат повидливи за другите. Ова се некои од показателите на хронична осаменост кај родителите.

Повлекување од пријателите
Природното повлекување од пријателите е дел од животниот циклус, но без создавање нови врски, може да се појават чувства на загуба и осаменост. Постарите луѓе потоа повеќе се потпираат на доаѓањето на своите возрасни деца или на поминување време со едноставни, несоцијални активности за да ја пополнат празнината во секојдневниот живот, пишува YourTango.

Чувство на оддалеченост од децата
Родителите кои го граделе својот идентитет преку грижа за децата со години тешко ја прифаќаат независноста на своите деца. Губењето на секојдневниот контакт може да биде дестабилизирачко, а процесот на природно оддалечување создава тивка, помалку видлива осаменост.

Физички ограничувања

Намалената енергија, здравствените проблеми или неможноста за патување придонесуваат за веќе постоечката емоционална дистанца. Тука, осаменоста е испреплетена со чувства на вина и срам, што дополнително го комплицира прилагодувањето.

Силна врска со домашните миленици
Прекумерниот фокус на домашните миленици може да биде знак на емоционална празнина, но во исто време има позитивен ефект. Студиите покажуваат дека поседувањето домашно милениче може да го подобри когнитивното функционирање на постарите лица кои живеат сами.

Постојано присуство на мобилниот телефон
Луѓето кои комуницираат главно преку повици или социјални мрежи честопати немаат личен социјален контакт. Прекумерното време пред екран може негативно да влијае на когнитивните функции и емоционалната состојба, и покрај привременото ублажување на чувството на осаменост.

Страв од тоа да бидат заборавени
Кога идентитетот зависи од улогата на родителит или старател, заминувањето на децата отвора простор за несигурност. Во такви ситуации, чувството за цел се губи и постои страв дека повеќе не им се потребни во иста мера како порано на најблиските.

Тешкотии во повторното поврзување со партнерот
За паровите кои со години се фокусирани на одгледување деца, враќањето во животот како двојка може да биде предизвик. Ако врската е запоставена, емоционалниот товар на осаменоста може дополнително да ја оштети врската.

Тешкотии при прилагодување на животните промени
Една студија наведува дека ненадејните промени во рутината и статус кво кај постарите возрасни лица често водат до чувство на дезориентација и зголемена осаменост. Недостатокот на развиени стратегии за справување дополнително го продлабочуваат проблемот.

Често споредување со другите
Повеќе време на социјалните мрежи значи почесто споредување на сопствениот живот со другите, што ги зголемува чувствата на незадоволство и емоционална изолација. Ваквите споредби влијаат и на семејните односи и односите со партнерот.

Тешко прифаќање на процесот на стареење
Особено кај жените, социјалниот притисок за изгледот може дополнително да ја оштети самодовербата. Според студиите, тешкотијата за прифаќање на стареењето е поврзана со влошување на менталното здравје и хронична осаменост.

    Повеќе