Дали сте слушнале за синдром на хиперлактација? Жената која влезе во Гинис, измолзува 6,5 литри млеко на ден

Американката Елизабет Андерсон-Сиера влегла во Гинисовата книга на рекорди како светски рекордер за најголема донација на мајчино млеко од едно лице, со над 1.599 литри млеко донирани во банки за млеко во периодот 2015-2018. Нејзината состојба е позната како hyperlactation syndrome.

131

Елизабет Андерсон-Сиера од Орегон (САД), стана позната во светот поради нејзината екстремна и многу ретка појава на преголемо производство на мајчино млеко, состојба што медицински се дефинира како hyperlactation syndrome (синдром на прекумерна лактација).

Што е Hyperlactation Syndrome?

Оваа состојба значи дека телото произведува повеќе млеко отколку што бебето може да испие, па мајката постојано има вишок млеко и мора постојано да го празни со молзење. Причината често е изобилство на хормонот пролактин, кој управува со производството на млеко.

Во случајот на Елизабета, телото почнало да произведува екстремно многу млеко уште за време на првата бременост (Елизабет има три деца), а со секоја следна бременост количините се зголемувале.

Светски рекорди и хуманитарна мисија

Благодарејќи на оваа состојба, Елизабет не само што ги хранела своите деца, туку и помагала на други семејства и особено на најранливите, предвремено родени бебиња:

Таа влегла во Гинисовата книга на рекорди како светски рекордер за најголема донација на мајчино млеко од едно лице, со над 1.599 литри млеко донирани во банки за млеко во периодот 2015-2018.

Вкупно, според нејзини процени, Елизабет донирала над 10.350 литри млеко на семејства и банки за млеко ширум светот.

Дали постои начин да се запре лактацијата?

Елизабет и натаму редовно измолзува млеко и произведува околу 6 литри млеко дневно.

Пумпањето често ѝ одзема многу часови дневно, а градите ѝ се постојано полни и под притисок.

Состојбата ѝ создава и физички и емоционални предизвици, бидејќи постојано е приврзана за пумпа за измолзување и големи количини опрема за чување на млекото.

Елизабет истражувала неколку опции со здравствени професионалци за тоа како може да се прекине оваа состојба.

Постојат лекови (агенси кои можат да го намалат пролактинот) што не се секогаш одобрени или погодни за секоја мајка.

Една од разгледуваните опции била и двојна мастектомија – хируршко отстранување на ткивото што произведува млеко. Пo оваа операција телото би престанало да произведува млеко бидејќи би се отстраниле самите млечни жлезди.

Сепак, Елизабет изјавила дека засега не сака да го направи ова, иако не ја исклучува оваа опција за подоцна.

Приказната на Елизабет е не само медицински фасцинантна, туку и длабоко човечка. Таа низ годините се обидува да придонесе за нормализирање на споделувањето на мајчино млеко, иако истото бара огромен напор, време и енергија. Наместо да ја гледа како тежина, Елизабет ја претворила оваа состојба во хуман чин, споделувајќи го своето млеко со оние на кои им е потребно, со што имала огромно влијание врз животите на илјадници семејства.

Елизабет Андерсон-Сиера е мајка на три деца: Изабела, Софија и Бењамин.

Повеќе