Феноменот Хикикомори во Италија: Повеќе од 200.000 млади луѓе живеат во целосна социјална изолација

Појавата која претходно беше специфична само за Јапонија, а која се однесува на растечки број на млади луѓе кои се затворени дома со месеци, ако не и со години, без никаков контакт со надворешниот свет освен преку социјалните мрежи, познато како хикикомори, сега се повеќе се јавува во Италија, се наведува во извештајот објавен од Анса.

124


Феноменот на социјално повлекување познат како хикикомори, претходно проблем кој беше единствен за Јапонија, сега се повеќе се јавува во Италија, со растечки број млади луѓе кои се затворени дома со месеци, ако не и со години, без никаков контакт со надворешниот свет освен преку социјалните мрежи, се наведува во извештајот објавен од Анса.

Во Италија има 200.000 вакви случаи, многу повеќе од официјалните проценки, според извештајот објавен неодамна на конференцијата „Книга, хартија и молив“ одржана во Министерството за образование, на која присуствувал министерот Џузепе Валдитара. Додека официјалните проценки го ставаат бројот на 50.000 до 60.000 во земјата, неофицијалните бројки сугерираат најмалку 200.000.

Хикикомори најмногу ги погодува адолесцентите кои се повлекуваат во себе, често подолги периоди, поради длабоки проблеми воодносите и личните проблеми. Постојат многу причини: чувство на несоодветност, тешкотии во односите со врсниците, фрустрација и самоомаловажување. Во Јапонија има милион вакви случаи.
– Во контакт сме со 5.000 до 10.000 семејства на млади луѓе, а нашата проценка е 200.000 случаи: проблемот е длабоко вкоренет и во Италија – предупреди Марко Крепалди, психолог и претседател на националното здружение „Хикикомори Италија“, кое работи на борба против појавата на социјална изолација на младите луѓе низ цела Италија од 2017 година.

– Зависноста не е само психолошка, туку и емоционална: доживуваме емоционална зависност од вештачката интелигенција – продолжи тој.

– Мора да бидеме внимателни во врска со нездравиот однос со неа и да следиме како вештачката интелигенција влегува во училиштата, таа може да го попречи процесот на учење. Накратко, мора да се фокусираме на училиштата.

Неодамна усвоената „Нова агенда за детството и адолесценцијата“ се однесува на проблемот со социјалната изолација кај децата и адолесцентите, со цел да се истакне овој сè уште малку познат феномен и да се развијат конкретни одговори.

Целта е подобро да се разберат различните форми на изолација преку насочено истражување и да се дефинираат алатки и стратегии за следење, спречување и поддршка на засегнатите лица.

Повеќе