„Ова се моите правила за мојот погреб“, започнува Дронјак во новото видео, кое досега собра над 7 милиони прегледи. „Слушајте! Можете да плачете, но не премногу. Не правете будали од себе. Берта не е поканета. Не ја пуштајте внатре. И подобро е да се опиете подоцна”.
Таа во текстот на видеото додава: „Нема да биде наскоро, но не заборавајте“.
Баба Дронјак (92), која е славна личност на социјалната мрежа ТикТок, сподели неколку скромни барања за членовите на нејзиното семејство, поврзани со нејзиниот погреб. Инаку позната по дрските и генијални совети и новости од животот, оваа 92-годишна жена со најновата објава отиде чекор понатаму.
Илјадници луѓе го коментираа видеото со нејзините концизни упатства за погребот.
Некои следбеници замолија и тие да присуствуваат на погребот на оваа забавна баба, секако, кога ќе дојде време, додека повеќето се прашуваа која е Берта и што направила за да заслужи забрана за пристап на нејзиниот погреб.