Здраво свету, на половина пат сум дотаму!

Кејти Вигор, која го основала „Empowered Birth“ – проект кој го слави мајчинството и раѓањето на детето, објавила неверојатна фотографија од царски рез на „Инстаграм“.

140

„Лекарите ни рекоа дека можеме да фотографираме, а јас реков дека не можам да го сторам тоа, па сите се насмеаја. Го погледнав својот свршеник и тој беше во некој свој свет, па му викнав брзо да фотографира!“, раскажала мајката која е на оваа прекрасна фотографија.

„Тоа беше навистина нереално и таа е неверојатен подарок за нас. Ова беше мојот втор царски рез. Се надевам дека оваа слика им оддава почит на сите оние што поминале низ ова пред мене и ги инспирира и охрабрува бремените жени и жените што ќе се породат во иднина“, напишала таа покрај фотографијата.

Бебето е фотографирано во моментот кога е на половина пат од стомакот на мајката, а на сликата јасно се гледа папочната врвца. Фотографиите со царски рез се ретки, па ова е навистина уникатна глетка.

Повеќе