Како ги хранеле бебињата кога немало замена за мајчино млеко?

Идејата дека деновите пред појавата на млечната формула била бастион на здравјето на доенчињата заради широко распространетото доење е едноставно неточна.

307

Историчарка од Универзитетот Rutgers, д-р. Карла Цеваско, на Твитер, неодамна ја објасни историјата на исхраната на доенчињата, нудејќи и историски извори како доказ за нејзините тврдења.

„Можеби ќе слушнете аргументи дека пред да ги користат модерните комерцијални формули за доенчиња, сите бебиња цицале мајчино млеко и дека сè било одлично“, напишала таа. „Како историчарка, дозволете ми да ви објаснам зошто тоа не е вистина.

Таа вели дека луѓето низ историјата морале да ги хранат доенчињата со друга храна како замена за мајчиното млеко од различни причини
„Понекогаш мајката не можела да дои“, напишала таа, „причините биле смртта на мајката за време на породувањето, проблеми со физичко/ментално здравје, потребата веднаш по породувањето да се врати на работа надвор од домот, притисок од партнерот да не дојат со цел да се вратат побргу во состојба на целосна плодност“.

Таа дополнително објаснила и дека понекогаш бебињата не можле да цицаат. Причините би можеле да бидат лошо држење на градите, проблеми поради предвремено породување, расцеп на непцето и други здравствени проблеми.

„Понекогаш за бебето се грижеле старатели кои не се негови биолошки родители, вклучувајќи и посвоители“, вели таа.

Цеваско објаснила што јаделе бебињата наместо мајчиното млеко на нивните мајки во тие ситуации. „Понекогаш бебето имало друга доилка. Ова можело да биде братучетка, сосетка или една од жените во заедницата која го прави тоа бесплатно или за пари.

Таа објаснила и дека некои бебиња напредувале на алтернативна исхрана која денес не се препорачува
„Некои жени во 18 век понекогаш ги хранеле доенчињата со мешавина од варени ореви, пченкарно брашно и вода; англиската колонистка Елизабет Хансон известила дека нејзиното дете напредувало на оваа исхрана“, напишала Цеваско. „Во рана модерна Европа, бебињата често јаделе мешавина од животинско млеко или вода, трошки од леб или брашно. Понекогаш мајките го вареле, понекогаш не.

Сепак, објаснила таа, овие замени за млеко не биле секогаш безбедни или комплетно хранливи.

„Значи, пред појавата на модерната комерцијална формула за млеко (во 1950-тите), многу бебиња умирале од болест или глад бидејќи не биле доени, а алтернативната храна не била безбедна или соодветна“, напишала таа.

Како што објаснува Цеваско, идејата дека деновите пред појавата на млечната формула била бастион на здравјето на доенчињата поради широко распространето доење е едноставно неточна.

Повеќе