Жена во 36-тата недела од бременоста која нетрпеливо го чека раѓањето на своите близнаци, на ТикТок го покажа својот огромен стомак и призна дека се чувствува исклучително напнато. Оваа „тиктокерка“ веќе има едно дете, синот Хедли, а треба да роди близнаци до крајот на овој месец.
„Притисокот се влошува. Навистина сум подготвена за нивното пристигнување”, признава таа со видеото кое собрало 6,6 милиони прегледи.
Оваа жена претходно покажала како изгледала претходно, а потоа станала мајка и целосно се трансформирала.
Некои жени имаат едвај видлив стомак до крајот на бременоста, додека кај други тој може да порасне до речиси неверојатни димензии, како во случајов. Бремените жени кои го носат своето прво дете генерално почнуваат да го гледаат својот стомак помеѓу 12-та и 16-та недела од бременоста, а кај повеќеротките и порано, со оглед на тоа што нивната матка и стомачни мускули веќе се истегнати во претходните бремености.
Стомакот за време на бременоста може да биде поголем и поради надуеност или запек, кои се вообичаени за време на бременоста. Ако сè уште сте загрижени за големината на вашиот труднички стомак, консултирајте се со вашиот лекар.