Една Канаѓанка била неверојатен медицински случај откако лекарите откриле дека фетус ѝ расте во црниот дроб, во исклучително редок случај на вонматерична бременост. Овој случај на јавноста ѝ е познат веќе неколку години бидејќи датира од 2012 година, но неодамна излегло на видело во видео на ТикТок кое во меѓувреме собрало дури 5,7 милиони прегледи, пишува The New York Post.
Мислев дека сум видел сè“, признал педијатарот Др. Мајкл Нарви за оваа ембрионска аномалија, која станала позната откако 33-годишна пациентка се пријавила на клиниката заради менструално крварење кое траело 14 дена по ред.
Исто така, ова било наводно, неверојатни „49 дена од нејзината последна менструација“, вели Нарви.
Подоцнежниот ултразвук открил необичен извор на нејзините симптоми: „Она што го пронајдоа во црниот дроб беше бебе“, објаснил Нарви, покажувајќи на снимката на фетусот.
Поточно, жената имала исклучително ретка верзија на вонматерична бременост, во која „оплодената јајце клетка се всадува и расте надвор од матката“, според Клиниката Мајо. Покрај тоа што фетусот се развива таму каде што не треба, симптомите на состојбата вклучуваат вагинално крварење и болки во карлицата и стомакот, кои генерално се интензивираат како што расте фетусот.
„Понекогаш ги гледаме во стомакот, но никогаш во црниот дроб“, вели Нарви. „Ова ми е прв пат.
За жал, медицинското чудо може да се покаже опасно и за мајката и за фетусот бидејќи ембрионот ретко може правилно да се развие надвор од матката. Затоа, иако лекарите успеале да го спасат животот на пациентката, не можеле да го спасат нејзиното неродено дете, се вели во првичниот извештај за случајот.
Веројатноста за создавање бебе во црниот дроб сè уште е нејасна, меѓутоа, истата студија наведува дека 14 такви бремености биле пријавени во светот за 35 години пред ноември 1999 година.