Ако го забележите ова на главата на бебето, итно одете на лекар: Болничарка ги предупредува родителите на алармантен знак

Ако ја видите оваа промена на главата на вашето бебе, тоа може да укажува на сериозен здравствен проблем.

3.088

Медицинската сестра Ники Џакарта предупреди на можен сериозен здравствен проблем кај бебињата, на кој многумина не обрнуваат внимание. Таа објави две фотографии од глава на петмесечно бебе на Инстаграм и ги замоли следбениците да се обидат да ја најдат разликата. На првата фотографија главата на бебето изгледа нормално, додека на втората нејзината фонтанела е испакната, а тоа може да укажува на сериозен проблем.

„Испакнатата фонтанела бара итна медицинска проценка“, вели таа, а потоа објаснува дека го користела примерот на бебе кое имало температура од 38,3 степени.

„Родителите ја забележале испакнатата фонтанела и отишле во служба за итни случаи. На детето му биле дадени лекови и му била дијагностицирана пост-вирусна транзиторна испакнатост на фонтанелата, за која родителите ретко знаат.

Испакната фонтанела се јавува кога се акумулира течност во мозокот или кога мозокот отекува Понекогаш состојбата е привремена, на пример кога детето лежи, плаче или повраќа и тоа не е причина за грижа, но ако тоа потрае, веднаш одете на лекар“, додава таа.

Доколку ситуацијата е загрижувачка, покрај испакнатата фонтанела може да се јави и грозница, поспаност и раздразливост, тврди медицинската сестра.

Повеќе