Њуборн клиник, психологот и психотерапевт Лидија Попчева, нутриционистката Билјана Ристеска, Тримекс дооел Скопје и Варус дооел Скопје, се спонзори на подароците за учесниците во ова празнично дарување во организација на здружението „До бебе по патот на ИВФ“.
„До овој проект дојдовме со идеја, да им помогнеме на нашите активни членови за нивната ангажираност, помош и поддршка кои несебично ги даваат за подобрување на условите на ИВФ пациентите во нашата земја. Нашите активни членови, кои покрај тоа што поминуваат низ ИВФ процесот и се соочуваат со сите психички и финансиски тешкотии, сепак наоѓаат простор и време да им помогнат на останатите кои поминуваат низ истото“, велат од здружението.
Тие ги повикуваат членовите во здружението, како и оние кои допрва ќе се зачленат, да се пријават затоа што секој кој до моментот на извлекување на добитниците ќе стане активен член, ќе учествува во истото.
Добитниците на подароците ќе бидат извлечени по случаен избор, почнувајќи од утре (29.12) кога ќе се извлечат подароците за три учесници во вид на нутриционистички месечни програми, а подароците од останатите спонзори ќе бидат извлечени на 31.декември, 03, 05 и 07.јануари.
На 07.јануари ќе биде главното извлекување на Божиќниот подарок од Њуборн клиник.
Личните податоци на активните членови и приватноста нема да бидат нарушени, а добитниците ќе бидат објавени со редното бројче кое го има секој активен член на здружението.
Оттаму ги повикуваат и останатите институции од областа, ИВФ клиники, лаборатории, психолози, ендокринолози, нутриционисти, фармацевтски куќи и други, да се приклучат во ова празнично подарување.
„Ги повикуваме и останатите барем на кратко да направат нашите активни членови кои поминуваат низ ИВФ процесот да ја почувствуваат празничната магија. Бидеќи Нова година и Божиќ се празници за подарување. Воедно, благодарност до Final Fiction за подарените пакетчиња“, велат од здружението „До бебе по патот на ИВФ“.
Повеќе информации погледнете во видеото ТУКА.