Дали ги терате децата да ги споделуваат играчките со други?

„Јас сум возрасна и ако не сакам да споделам нешто, никој не би ме натерал на тоа. Затоа, со иста почит се однесувам кон моите деца”, објаснила оваа мајка од Чикаго која играчките што нејзините деца не сакаат да ги споделат со другите, ги крие пред да пристигнат нивните пријатели.

274

Емили Ферет од Чикаго не ги присилува своите деца да споделуваат играчки или работи што им се допаѓаат едни со други или со пријателите. Тaa ги прашува своите деца на возраст од 4 и 2 години дали има играчки што не сакаат да ги споделат со своите пријатели и ги крие пред да дојдат.

„Јас сум возрасна и ако не сакам да споделам нешто, никој не би ме натерал на тоа. Затоа, со иста почит се однесувам кон моите деца”, објаснила таа, а пренесува Daily Mail.

Емили применува нежен родителски пристап, па кон своите деца се однесува како кон другите луѓе, т.е. со почит.

„Доколку децата се караат за играчките што решиле да ги споделат, ќе им понудам секое да си поигра со нив некое време. Ако продолжат да се караат, ќе ја земам. Се обидувам да им покажам смислени последици. На пример, ако му кажам на детето да не трча затоа што ќе падне, а тоа не слуша и паѓа, тоа е природна последица“, додава таа.

Исто така, со децата секогаш зборува со мирен тон и избегнува да го подига.

„Се трудам да бидам на нивно ниво и смирена. Ако го кренам гласот, ќе се извинам и ќе објаснам зошто викам. Им дозволувам да бидат вознемирени и фрустрирани, а кога ќе се смират, им објаснувам како ги нарекуваме овие емоции “, појаснила таа.

Во домот на ова семејство нема социјални очекувања. Децата можат да станат ако се немирни за време на вечерата и се среќни што можат сами да ја изберат облеката што ќе ја носат.

„Сакам моите деца да имаат глас и да се изразуваат сè додека не си наштетуваат себеси или на некој друг“, заклучила Емили.

Повеќе