Производителите на адаптирано млеко користат „предаторски“ маркетинг: Се искористува стравот на новите мајки за да се убедат да не дојат

Група лекари и научници повикаа на построги регулативи за индустријата за млечни формули вредна 55 милијарди долари. Производителите се обвинети за „предаторски“ маркетинг кој ги искористува стравовите на новите родители за да ги убедат да не дојат.

162

Огромното мнозинство на здравствени тврдења што се користат во рекламирањето на млечните формули за бебиња ширум светот не се засноваат на цврсти научни докази, покажа студијата, што ги натера научниците да бараат продажба на замени за мајчиното млеко во обично пакување.

Студијата доаѓа веднаш откако група лекари и научници повикаа на построги регулативи за индустријата за млечни формули вредна 55 милијарди долари. Производителите се обвинети за „предаторски“ маркетинг кој ги искористува стравовите на новите родители за да ги убедат да не дојат.

Општо е познато дека доењето има огромни здравствени придобивки за бебето. Светската здравствена организација препорачува ексклузивно доење во првите шест месеци од животот на новороденчето.
Сепак, според СЗО, оваа препорака се применува кај помалку од половина од доенчињата во светот.

Даниел Мунблит, почесен виш предавач на Империал колеџ во Лондон и автор на новата студија, изјавил за АФП дека научниците не се во „крстоносна војна“ против вештачкото млеко, кое треба да остане опција за мајките кои не можат или избираат да не дојат:

Но, ние сме многу против несоодветниот маркетинг на формула за доенчиња, што дава погрешни тврдења кои не се поткрепени со цврсти докази.

Половина од производите не ја поврзуваат наведената здравствена корист со одредена состојка.
Мунблит и меѓународен тим на научници ги проучувале здравствените тврдења за 608 производи на веб-страниците на компаниите за млечни формули во 15 земји, вклучувајќи ги САД, Индија, Велика Британија и Нигерија.

Најчестите тврдења за придобивките од формулата се дека го поддржува развојот на мозокот, го зајакнува имунолошкиот систем и го помага растот.

Според една студија објавена во списанието BMJ, половина од производите не ја поврзуваат наведената здравствена корист со одредена состојка.

Три четвртини не наведуваат научни докази за да ги поддржат своите тврдења.

Од оние кои даваат научна референца, повеќе од половина посочиле на рецензии, мислења или студии на животни.

Само 14% од производите се однесувале на регистрирани клинички испитувања на луѓе. Сепак, 90% од овие испитувања носеле висок ризик од пристрасност, вклучувајќи податоци кои недостасувале или наоди кои не го поддржуваат тврдењето, се вели во студијата.

Речиси 90% од клиничките испитувања имале автори кои добивале средства или биле поврзани со индустријата за млечни формули, се додава.

Тврдењата на амбалажата се вознемирувачки за родителите кои не можат да си го дозволат производот. Исто така, нема докази за дополнителна корист од состојката која се додава во формулата за доенчиња.

Мунблит вели дека здравствените тврдења најчесто се користат за рекламирање на висококвалитетни производи од овој тип, што може да биде „вознемирувачко“ за родителите кои се заведени да веруваат дека состојките во овие формули се неопходни, а тие не можат да си ги дозволат.

На прашањето што мисли дека треба да се направи за да се реши проблемот, Мунблит кусо вели: „Обично пакување“.

Студијата следи по серијата написи објавени во списанието Lancet кои ги повикуваат креаторите на глобалната политика да стават крај на овој тип на маркетинг на млечна формула.

Експертот на СЗО за здравјето на доенчињата Најџел Ролинс, автор на една од написите во списанието Лансет, вели дека зафатените родители „немаат време да ги потврдат тврдењата“ за формулата за доенчиња:

Една нова студија покажа дека владите и регулаторните тела треба да го посветат потребното време и внимание на разгледување на тврдењата на млечните формули.

Повеќе