Го храните детето додека гледа цртан филм? Психолозите советуваат да не го правите тоа

Ако детето е немирно, во повеќето случаи она што успева да го смири е цртан филм. Истото е решение и ако детето не сака да јаде. Честопати родителите, бабите и дедовците посегаат токму по ова „решение“: хранење додека се гледаат цртани филмови. Признајте, сте го правеле тоа!

1.774

Многумина од нас, кога детето не сака да јаде посегнуваме по некакви трикови кои често знаат да бидат и прилично лоши. Еден од нив е хранењето на детето додека тоа гледа во екранот, најчесто, цртани филмови. Да, тогаш повеќето деца навистина ќе успеете да ги нахраните, ама ќе јадат како роботи. А оваа форма на „мотивација“ може да биде контрапродуктивна на долг рок и во голема мера да влијае врз навиките во исхраната на детето.

Психологот Лаура Маркам верува дека хранењето додека гледате во кој било екран може да предизвика сериозни последици.
„Не дозволувајте децата да јадат пред екран затоа што на тој начин не се свесни за храната што ја консумираат и не обрнуваат внимание на сигналите на мозокот дека се сити“, објаснува Маркам и додава дека ова има најголемо влијание врз дебелината и доведува до сериозни нарушувања во исхраната.

Истражување спроведено во 2018 година открило директна врска помеѓу времето поминато пред екранот и нездравото однесување во исхраната кај малите деца. Според споменатата студија, времето поминато пред екранот било поврзано со помала потрошувачка на овошје и зеленчук и зголемен внес на нездрави грицки, како чипс, бисквити или чоколадо.

Повеќе