Дали родителите треба да останат заедно заради децата? Еве што советува психологот

Дали е секогаш најдобро да останете заедно заради децата или понекогаш разводот е сепак подобра опција?

500

Многу родители веруваат дека разводот ќе им нанесе непоправлива штета на нивните деца. Некои родители се толку загрижени за ова што остануваат во несреќни, па дури и во насилни бракови со години. Но, што велат експертите? Дали е секогаш најдобро да останете заедно заради децата или понекогаш разводот е сепак подобра опција? Како што објаснува психологот Дона Метјус, краткорочно, во некои случаи родителите би требало да останат заедно заради децата.

„Всушност, децата најдобро напредуваат во безбедни семејства со двајца родители кои ги сакаат и се сакаат меѓусебно. Разделувањето од кој било вид е крајно вознемирувачко, стресно и дестабилизирачко за секое дете, освен ако не постои родителскo малтретирање или конфликт“, открива Метјуз.

Меѓутоа, на долг рок, разводот може да доведе до посреќни исходи за децата. Кога нивните родители се караат или се целосно некомпатибилни, разводот може да биде олеснување за децата.

Ако добро се постапува со промените во семејната структура, децата доживуваат привремени нарушувања, но можат да постигнат долгорочна издржливост и сила, објаснува психологот за Psychology Today, додавајќи дека само децата израснати во стабилни заедници се способни да водат среќен и продуктивен возрасен живот.

„Ако воопшто е можно, треба да се обидете да направите вашиот брак да функционира. Сепак, немојте да останете во несреќна врска само заради вашите деца, бидејќи тоа не е ниту здраво, ниту препорачливо“.

Многу истражувања покажуваат дека децата на разведени родители доживуваат чувства како што се гнев, вознемиреност, неверување, страв, вина, попуштање во училиште и проблеми со однесувањето, емоционални проблеми и одредени ризични однесувања. Повеќето деца чии родители се разведуваат се прилагодуваат на новата ситуација во рок од една или две години и не покажуваат ниту еден од овие академски, бихејвиорални или психолошки проблеми.

Големите долгорочни студии покажуваат дека иако многу деца имаат краткорочни проблеми и неуспеси, огромното мнозинство од нив целосно закрепнуваат по една или две години.

Иако трпат неизбежна штета веднаш по разводот, а понекогаш и до крајот на животот, децата можат да имаат корист од тоа што нивните родители избираат среќа, наместо да живеат во нездрава и несреќна заедница, нагласува психологот.

Повеќе