Одвикнувањето на детето од пелени не е воопшто лесна задача, а повеќето мали деца се одвикнуваат во просек на две или тригодишна возраст. Меѓутоа, една мајка предизвика жестока дебата на социјалните мрежи кога на ТикТок откри дека нејзиниот шестмесечен син веќе сам извршува нужда во тоалет.
Во видеото објавено од тиктокерката по име @squillymama ја гледаме мајката како седи на подот во бањата, држејќи го своето бебе на тоалетната шолја додека тоа врши нужда.
Таа објаснува дека нејзиниот син со мрморење ѝ дава до знаење кога треба да оди во тоалет, а видеото кое моментално има над 250.000 прегледи ги поделило мислењата на родителите на социјалните мрежи и предизвикало многу бурни реакции.
„Па вашето бебе сè уште не може ни да седи самостојно, секој може да стави мало бебе на тоалетната школка и да каже дека знае самостојно да врши нужда без пелена. Ова нема смисла” е само еден од многуте коментари.