Родители споделија супер трик за смирување на бебе

Видеото во кое една мајка го покажува трикот со кој таа и сопругот за секунда го смируваат своето расплакано бебе има над 9 милиони прегледи.

98

Видео на кое се гледа како родителите го смируваат своето бебе кое плаче со едноставен трик брзо стана вирално на социјалните мрежи. Имено, една млада мајка објави видео на својот профил на TikTok наречено @libertyydizneyy, а во него можеме да ја видиме нејзината ќерка Лејлани како престанува да плаче веднаш откако ќе ѝ пуштат песна од Питбул.
„Колку пати дневно ја пуштам оваа песна е всушност апсурдно… нека му каже некој на Питбул дека треба да го вработам како бебиситер со полно работно време“, напиша таа во описот на видеото, кое моментално има над девет милиони прегледи.

@libertyydizneyy

The amount of times i play this song a day is actually absurd…. someone tell Pitbull i need to hire him as a full time sitter🤣 #pitbull #funnybabyvideos #hotelroomservice #mr305

♬ original sound – lib🤎
Повеќе