Свекрви и снаи: Што ги полудува жените кога ќе станат мајки?
За многу мајки, свекрвата е личноста со која имаат најмногу проблеми во комуникацијата. Свекрвата може да ви предизвика голема количина на фрустрации. Но, се разбира, не е исто да имате свекрва и самите да станете свекрва, нели?
Во моментот кога жената ќе стане мајка, таа се претвора во подвижна мета за сите несакани совети и можноста сите да ја засрамат за каков било родителски избор. Тоа не е нешто што жената ќе го избере, но доаѓа како дел од оваа улога во животот. Доколку добиете несакани совети и критики од непозната личност, тоа ќе биде непријатно и заморно, но многу полошо е кога доаѓа од блиски членови на семејството.
За многу мајки, свекрвата е личноста со која имаат најмногу проблеми во комуникацијата. Свекрвата може да ви предизвика многу фрустрации, нели? Од една страна, тие се семејство и ги сакаат своите снаи и внуци, дури и ако понекогаш не изгледа така. Од друга страна, пасивно-агресивните коментари понекогаш можат да ја излудат снаата.
Најдовме што велат мајките на некои форуми за да видиме кои се главните проблеми во односот снаа и свекрва.
Прочитајте што најмногу им пречи на мајките.
„Според мојата зла вештерка од свекрва, мојот син никогаш нема да престане да носи пелени бидејќи не сум доволно строга со него. Ало, тој има само две и пол години, дајте ми малку мир”, вели една мајка.
Друга мајка која има исто така тешка врска со свекрвата и верува дека таа ѝ се меша во воспитувањето и животот на нејзиното дете.
„Од советите што ми ги дава ми се стемнува пред очите. Се меша во секоја ситница. На пример, сега моето дете имаше стомачен вирус и го однесовме кај докторката, па секако и таа мораше да дојде. Докторката не покани да влеземе во ординацијата и сакаше и таа да влезе, ама докторот не ѝ дозволи.
Ме прашува кој лек ни го препишала, јас ѝ кажувам и таа веднаш оди да пребара на интернет за каков лек станува збор и кога ќе прочита вели дека таа не би му го давала…Од кога си ти докторка??? Најлошото е кога му дава храна која сѐ уште не смее да ја јаде. Има уште многу, но нели е и тоа доволно“, пишува оваа мајка.
Близината на живеење е голем проблем
Друга мајка има проблем бидејќи свекрвата живее многу блиску до неа и затоа имаат големи проблеми и таа постојано дава совети. „Живее во стан под нашиот и ако мојот сопруг не ѝ го донесе малиот, таа му се јавува постојано, а ако и тоа не успее, доаѓа горе следното утро. Напорна е со типично глупави совети ( треба да му дадеш на детето млеко и бисквити).
Малечката има само пет месеци и јас се обидувам да ја воведам во рутина, а таа ја нарушува. Едноставно не ја почитува нашата приватност иако ја предупредивме повеќе пати“, пишува оваа мајка.
Слични проблеми има и друга мајка.
„Живееме со нив во куќата и правиме стан за себе горе, но свекрва ми одвреме-навреме нагласува дека ќе бидеме гладни кога ќе си одиме откај нив, мисли дека сум луда затоа што не му давам на моето петмесечно дете мед и па затоа бебето било веќе два пати болно. Ни влегува во соба додека не сме таму и ми претура по моите работи“.
„Мажите не се способни да ги заштитат своите семејства“
Една мајка смета дека тоа не се проблеми со свекрвата, туку дека жените всушност имаат проблеми со своите сопрузи: „Од самиот почеток, границите треба да бидат поставени и на родителите треба да им се покаже дека младите имаат своја заедница и дека не дозволуваат никој да се меша во неа. Овие граници дури треба да се постават од самиот почеток на врската, бидејќи не може да се очекува дека само со стапување во брак, нешто што не е во ред наеднаш ќе се смени. Кога ќе се постават граници, родителите ќе научат да ја почитуваат младата заедница и со текот на времето ќе биде сѐ во ред. Оние заедници кои дозволуваат нивните родители да им се мешаат во нивните животи се осудени на пропаст, така што сите вие што имате проблеми со свекорот или со свекрвата, всушност имате проблем со вашите сопрузи, кои не можат да застанат и да ја заштитат вашата заедница“.
Истите проблеми во различни делови на светот
Снаата и свекрвата често не се сигурни каква е улогата на нивниот сопруг или син. „Она што ме полуде беше тоа што таа немаше очекувања од мојот сопруг кога стануваше збор за грижата за децата. Се однесуваше како да ми прави услуга со тоа што се грижи за децата.
„Нели е среќа што им менува пелени?“ Не е, и тој е родител“, вели една мајка на страницата Cafemom.
„Според маќеата на мојот сопруг, јас го разгалував детето бидејќи го земав кога плачеше. Имаше три месеци. Не го разгалував, јас се грижев за него! Невозможно е да се разгали бебе”, вели оваа мајка.
Друга објаснува како нејзината свекрва дури и му ја скратила косата на нејзиниот внук без согласност на родителите. „Таа му ја скрати косата! Мојата свекрва мислеше дека е неприфатливо мојот син да има долга коса, па еднаш му ја скрати без претходно да побара од нас дозвола. Од совет премина до целосно мешање. Сè уште сум толку лута“, вели оваа мајка.