Мајка го става својот 18-месечен син во ледена бања бидејќи верува дека тоа му помага да се смири

Никој не истражувал како делуваат ледените бањи на децата, но постојат препораки дека тие не се за нив. Сепак, оваа мајка, на Тик-Ток позната како Ледена кралица, редовно во нив го става и својот 18-месечен син.

233

Киа Џеб, мајка на две деца, со години е љубител на ледените бањи, поради што на социјалните мрежи го доби прекарот Ледена кралица. Додека некои веруваат дека ледените бањи можат да ја контролираат болката, отокот и воспаленијата ако се практикуваат на краток временски период, други мислат дека тоа не е најдобро за телото. Никој не истражувал како делуваат ледените бањи на децата, но постојат препораки дека тие не се за нив. Сепак, Џеб редовно во нив го става својот 18-месечен син.

„Најдоброто нешто што можам да го направам за моите деца е да бидам добар пример и да ги вклучам во мојата рутина и да им влеам доверба, мир и храброст“, напиша таа покрај видеото што го објави на Тик-Ток, кое има 2,7 милиони прегледи.
Многумина не криеја дека нејзиниот метод го сметаат за погрешен.

„Ти си лош пример“, „Каква мајка си“, „Немој така со своето дете“, „Децата не разбираат“, се дел од коментарите.

Што мислите вие за овој метод?

Повеќе