Те бара мајка ти! Неколку очигледни знаци дека не ја поднесувате вашата свекрва

Ако навистина не ви се допаѓа вашата свекрва, постојат пет знаци по кои тие околу вас ќе го препознаат тоа. Дали се препознавате себеси во ова однесување или ако сте свекрва, дали тука го препознавате однесувањето на вашата снаа?

1.350

Навистина ретко може да се најдат свекрва и снаа кои имаат одлична врска, покажаа многу истражувања. Има свекрви кои се прилично строги и имаат големи очекувања од избраничките на своите синови, но има и такви кои со нив се однесуваат како да се нивни ќерки и спремно им помагаат во секоја прилика. Ако навистина не ви се допаѓа вашата свекрва, постојат пет знаци по кои тие околу вас ќе го препознаат тоа.

Никогаш не ја ословувате со името
Ако разговарате со сопругот и секогаш ја нарекувате „мајка ти“, а никогаш не ја ословувате по име, јасно е дека нешто ве мачи. Особено ако гласот ви е ладен или презир.

Секогаш кога се јавува, му го давате телефонот на некој друг
Ако видите дека свекрвата ѕвони веднаш му го предавате телефонот на партнерот или на децата, па јасно е дека не сакате баш да разговарате со неа.

Својата мајка ја викате секаде, а свекрвата никаде
Ќерките најчесто се врзани за своите мајки, па разбирливо е дека ќе ја поканувате секаде, но не треба целосно да ја игнорирате свекрвата.

Ги одбројувате минутите до заминувањето на свекрвата
Кога ве посетува свекрвата, постојано гледате во часовникот и чекате да излезе низ вратата? Јасно е за што стсанува збор.

Секогаш ѝ наоѓате маани
Ако секогаш ѝ наоѓате маана на вашата свекрва и мислите дека таа никогаш не е во право, можеби ја гледате како конкуренција.

Дали се препознавате во ова однесување или ако сте свекрва, дали тука го препознавате однесувањето на вашата снаа?

Повеќе