Новородено девојче му се насмевнува на својот татко, а фотографијата од преслаткиот момент трогнала многумина. Мајката, Тарсила Роса Кордеиро е убедена дека малата Антонела го препознала гласот на нејзиниот татко, кој ѝ зборувал секој ден за време на бременоста.
„Кога се роди, ја ставија врз мене да спие. Но, штом татко ѝ и прозборе, таа ги отвори очите и се насмевна”, рекла мајката.
Таа објаснила дека таткото многу му зборувал на бебето уште додека било во стомакот.
„Секогаш ѝ велеше дека многу ја сака. Наутро ѝ кажуваше добро утро, а навечер добра ноќ. Ме галеше по стомакот и зборуваше со неа. И штом се роди ја повтори реченицата што ѝ ја кажуваше кога се враќаше од работа: Здраво, душо, тато е тука“, се потсетува Тарсила.
Таткото Флавио Диего Вилела вели дека се чувствувал прекрасно кога неговата ќерка му се насмевнала.
„Мислев дека знам што е вистинска љубов, но не сум имал поим додека не ја видов најискрената насмевка на светот“, рекол тој.