Десетгодишно момче за малку ќе умрело откако за еден час испило шест шишиња вода

Почна да повраќа и се однесуваше како да е на дрога или како пијан. Не можеше да ги контролира ниту главата, ниту рацете. Моторните функции му исчезнуваа. Веднаш отидовме во болница, изјавиле неговите родители, брачниот пар Џордан за WISTV.

139


Реј Џордан бил надвор и си играл со своите помлади братучеди во Колумбија, Јужна Каролина за време на прославата на Денот на независноста (04.јули). Трчал низ куќата и со децата скокал на трамболина. Додека влегувал во куќата во период од 20 часот и 30 минути до 21 и 30, испил шест шишиња вода. Неговите родители Стејси и Џеф не знаеле, но околу еден час подоцна, околу 22 и 30, почнале да забележуваат дека нешто не е во ред, пишува LadBible.

„Почна да повраќа и се однесуваше како да е на дрога или како пијан. Не можеше да ги контролира ниту главата, ниту рацете. Моторните функции му исчезнуваа. Веднаш отидовме во болница“, изјавиле неговите родители, брачниот пар Џордан за WISTV.
Во болницата, момчето веднаш било прегледано и било утврдено дека има опасно ниско ниво на натриум, што се случува кога бубрезите не можат да ја следат количината на вода што влегува во телото.

„Му дадоа нешто да уринира за што побрзо да ја извади течноста бидејќи почнал да му се создава оток околу мозокот, што предизвикуваше таква главоболка“, се сеќава Стејси.

За среќа, момчето се опоравило и сега е добро.

На децата им се препорачуваат 6 до 8 чаши течност дневно, а најдобри пијалаци се водата и делумно обезмастеното млеко. Исто така, труење со вода се јавува кога консумирате премногу вода за краток временски период и нивото на натриум во крвта паѓа и може да доведе до трагедија. Кај возрасните труење со вода може да се случи само кога сте подолго време без вода и морате да се натерате да се напиете со сила, но кај децата, особено кај бебињата тоа може да се случи и многу порано.

Повеќе