Видео на Тик-Ток, поставено од мајка на близнаци стопило илјадници луѓе кои го виделе. Во видеото можеме да видиме како реагирале близнаците кои биле разделени 24 часа. Кога повторно се сретнале, не сакале да се испуштат една со друга.
Откако мајката ги смести во креветчињата, тие се приближуваат една до друга, се држат за раце и си ги ставаат челата едно на друго. Потоа почнуваат да се бакнуваат, да се гушкаат и да се тапкаат по грбот, што јасно покажува колку многу си недостигале.
„За прв пат во нивниот живот, нашите близнаци беа разделени цел ден. Таа ноќ ги ставивме во креветчињата и сосема е сигурно дека си недостигале. Не знам ништо посилно од врската помеѓу близнаците”, напишала мајката.
Видеото собра повеќе од 22 милиони прегледи, а можете да го погледнете во продолжение.