Дали сте емоционално незрели родители? Ако му викате, избегнувате разговор или не можете да ги разберете емоциите на детето…
За разлика од другите родители кои знаат да ги контролираат сопствените емоции, на емоционално незрелите родители тоа не им оди од рака. Поради ова често се склони кон викање. Исто така, овие родители често се склони кон насилство.
Ако родителите се емоционално незрели, на детето може да му биде тешко да воспостави здрав однос со нив. Без разлика колку детето сака да биде слушнато или разбрано, родителот на кој му недостига емоционална зрелост честопати не може вистински да сочувствува или да се поврзе со него на одредено ниво, објаснуваат психолозите.
Но, како да препознаете дека одреден родител е емотивно незрела личност? Иако знаците се разликуваат од личност до личност, сите тие имаат некои заеднички карактеристики. Пред сè, тешко им е да ги разберат емоциите на детето. Наместо да му пристапат со разбирање или сочувство, емоционално незрелите родители не му ја даваат на детето потребната поддршка. Под ова психолозите првенствено подразбираат емоционална поддршка.
Друга карактеристика што е заедничка за речиси сите емоционално незрели родители е намерното избегнување разговор за одредени работи. Иако родителите треба да бидат подготвени за секакви разговори со своето дете, во повеќето случаи тие често избегнуваат одредени теми, особено ако не се подготвени да одговорат на некои прашања или темата им е непријатна од која било причина.
Друга карактеристика е склоноста кон викање. За разлика од другите родители кои знаат да ги контролираат сопствените емоции, на емоционално незрелите родители не им е лесно. Поради ова често се склони кон викање бидејќи сметаат дека само така можат да го решат проблемот со воспитувањето, што е сосема погрешен начин на размислување, велат психолозите. Исто така, овие родители често се склони кон насилство.
Емоционално незрелите родители, исто така, никогаш нема да преземат одговорност за сопствените грешки, барем не во повеќето случаи. Наместо тоа, многу побрзо ќе бидат подготвени да ги обвинат другите за своите постапки, вклучително и детето.