Пешачење без мобилен и слушалки: Генерацијата З откри „револуционерен“ тренд

Младите на социјалните мрежи споделуваат искуства од пешачење без технолошки дистракции, само тие, сами со себеси, а постарите генерации се шегуваат и велат дека „младите ги откриле 90-тите“

119

Генерацијата З, познати и како зумери, често објавува трендови на Тик-Ток, но овој во моментов не изгледа баш многу иновативен. Имено, најновиот тренд кај младите е „тивкото одење“, што значи, одење на прошетка без технолошки дистракции.

Иако ова може да изгледа како нешто што го правеа постарите генерации на дневна основа, судејќи според нивните искуства на социјалните мрежи, тоа за генерацијата З е револуционерно откритие.

Овој тренд го прослави Меди Мајо, подкастерка која ветува дека овој тренд „ќе ви го промени животот“. Таа наведува дека нутриционистот ја советувал да пешачи по 30 минути на ден наместо интензивните кардио вежби кои вообичаено ги правела. Таа ја направила својата прва 30-минутна прошетка, а нејзиното момче ја предизвикало да оди без дистрактори, односно, без слушање музика или гледање во екран.

@madymaio

#stitch with @KENZIEELIZABETH WE’RE SILENT WALKING ALL SUMMER, BABE 🚶 #walkinggirls #girlswhowalk #meditativewalk #intentionalwalk

♬ original sound – Mady Maio

„Без слушалки, без подкасти, без музика. Само јас, јас и јас“, вели таа во видеото на Тик-Ток за предизвикот, додавајќи дека мислела дека тоа е невозможно поради нејзината анксиозност. Сепак, таа се обидела и првите две минути ѝ биле најлоши, а потоа се смирила и сè поминало.

„Одеднаш можеш да се слушнеш. Универзумот и вашата интуиција можат да допрат до вас со шепот. Значи, ако никогаш не сте сами и не стивнете, ќе го пропуштите тој шепот“.

„После 30 минути тивко одење, ја имав бистрината што отсекогаш ја барав“, вели Мајо, додавајќи дека добива нови идеи бидејќи им дала простор да дојдат кај неа. Таа ги советува сите да пробаат најмалку 5 минути, а потоа да го продолжат времето на тивко одење на 30 минути.

Иако Мајо го направи овој тренд на „тивко одење“ вирален, терминот бил измислен од њујоршката инфлуенсерка Ариел Лоре во јануари, која во својот подкаст откри како овој тренд ѝ помага.

@ariellelorre

silent walks are the most grounding 🚶🏼‍♀️🤓🌸☀️

♬ original sound – Arielle Lorre

„Чувствувам дека сетилата ми се посилни кога одам во тишина“,вели таа.

Илјадници членови на генерацијата Z пробуваат „тивко одење“ и ги споделуваат своите искуства на социјалните мрежи, но многумина во коментарите се шокирани што одењето без мобилен телефон е откровение за помладата генерација.

„Дали одите на прошетки како сите ние во 90-тите?“, „Сигурен сум дека прошетките постојат уште од кога имало стапала. Одењето без одвлекување е терапевтско, но отсекогаш постоело“, „Генерацијата Z мисли дека го открила одењето“, се само дел од потсмешливите коментари за овој тренд. Сепак, многумина се согласуваат дека одењето во тишина има придобивки за целокупната благосостојба на една личност.

Повеќе